5 славни личности кои немале леб да јадат, па брутално се збогатиле: Денес ги трошат парите како да им растат на дрво

Им се насмевнала среќата

Животот на славните актери не бил отсекогаш толку среќен, а некои од нив имале прилично тежок почеток

Многу холивудски ѕвезди имале тежок пат до успехот. Повеќето од нив многу се измачиле додека стигнат до врвот. Ви откриваме кои 5 славни личности немале скршен денар и биле бездомници, додека успеале да заработат милиони.

Даниел Крег

Даниел Крег денес е еден од најплатените актери, најпознат по улогата на Џемс Бонд. Но додека работел како млад актер, Даниел често спиел на клупи во паркот, бидејќи немал каде да живее.

Хале Бери

Хале Бери имала 21 година кога живеела во засолниште за бездомници. Денес има толку пари што може да одбира кој филм ќе го сними, а кој не.

Кели Кларксон

Кели Кларксон имала несреќа да ѝ изгори станот, па бидејќи немала каде да живее, спиела во автомобил. Потоа, се вратила во Тексас, се пријавила на аудиција за пејачи и остатокот е историја.

Џим Кери

Кога Џим Кери имал 12 години, татко му останал без работа и пари. Семејството живеело во комбе, а Џим Кери добро се сеќава на тие тешки мигови и ден денес.

Џенифер Лопез

 

Џенифер Лопез живеела во Бронкс во многу сиромашно семејство. Имала само 18 години кога си заминала од дома, се пријавила на аудиција за танчари и речиси еден месец живеела во автомобил и на клупа во танцовото студио.

8 славни личности што си го смениле полот: Нема да ви се верува кој сè се наоѓа на овој список!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.