Интервју со познатата оперска ѕвезда од Србија, Љубица Вранеш: Почуствував необична енергија во Скопје и топло добредојде!

Прочитајте...

Пред неколку недели во Македонска опера и балет во рамките на Мајските оперски вечери се одигра операта „Кармен“. Главната улога, односно Кармен беше познатата оперска пејачка – солистка Љубица Вранеш од Србија.

Нејзиното присуство во Скопје го искористивме да поразговараме со неа за впечатоците, со оглед на тоа дека ова беше нејзино прво професионално претставување пред македонската публика.

Од разговорот сфативме дека Љубица е воодушевена од приемот на публиката, колегите и ветува дека повторно ќе дојде.

Како помина претставата „Кармен“? Дали е ова ваше прво гостување во Македонска опера и балет и какви се вашите импресии?

  • Ова е мое прво гостување во Македонска опера и драго ми е што наидов на висок префесионален однос кон класичната уметност. Веќе по првата проба, почувствував необична енергија на топло добредојде. Колегите срдечно ме прифатија.

Дали сте задоволна од дочекот и приемот на македонската публика?

  • Мислам дека аплаузот по отпеаната арија и самите овации на крајот од претставата се вистински показател дека сум направила добра работа, дека им се допадна мојата верзија на млада и слободна девојка, која го сака животот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ljubica Vranes (@ljubica_vranes)

Што најчесто ви велат по претставите? Какви беа коментарите по „Кармен“?

  • Го дадов својот максимум и сите го препознаа тоа. Судејќи по добрите коментари и пораки за поддршка, би рекла дека им се допаднала на публиката, а исто и на колегите на сцената и оркестарот.

Во Белград сте многу почитувана и вие и вашата работа. Дали и вашите колеги во Србија се ценети како вас?

  • Јас се трудам да бидам забележана како оперска пејачка, но често пеам и други видови на музика. Се трудам да му дадам свој личен печат на сè што работам.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ljubica Vranes (@ljubica_vranes)

Како успеавте во една земја како што е Србија, во која владее турбо-фолкот, да се изборите и да станете почитувана и популарна?

  • Треба да се биде свој и нормален, мислам дека со својата природност и позитивен став успеав да ги освојам симпатиите на многумина. Ги почитувам колегите кои пеат популарна музика и јас сум слушател на нивната музика и многу често тие се гости на моите оперски претстави. Баш по објава од Македонска опера и балет ми пиша Ана Бекута дека сака да ме слуша.

Која е Љубица Вранеш во приватниот живот?

  • Љубица е мајка и сопруга, многу одговорна и пожртвувана, но и свесна за своите мани и доблести.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ljubica Vranes (@ljubica_vranes)

Каква музика слушате кога сте дома, што ве опушта најмногу?

  • Најмногу слушам популарна музика, живеам во чекор со времето во кое растат моите ќерки. Многу често имаме и караоке забави и тоа е најубавиот дел од нашето зедничко време.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ljubica Vranes (@ljubica_vranes)

Какви ви се плановите за во иднина на професионално поле?

  • Планирам да се вратам и на телевизиските емисии кои со голем успех ги работев во националната телевизија Војводина. Сабота вечер во ударен термин се емитуваа „Пријатели засекогаш“, авторска емисија во која пеевме најубава музика од Балканот. Многу сум горда на својот балкански темперамент и топлата енергија што ги имаме. Што се однесува до операта, чекаме нова сезона во мојата матична куќа, односно Народниот театар во Белград.
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.