ХИТ: Дали ја слушнавте новата песна на Калиопи и Жељко Самарџиќ? (ВИДЕО)

Одлична е!

Вчера на социјалните мрежи беше промовирана новата дуетска песна на нашата поп-дива Калиопи Букле и еден од најпопуларните пејачи на Балканот, шармантниот Жељко Самараџиќ.

Песната носи многу едноставен наслов – „Знам“, а како автор на песната комплетно се потпишува Ромео Грил, поранешниот партнер на пејачката, но и човекот кој ги направи едни од најубавите нејзини песни.

За оваа песна, Калиопи и Жељко пред извесно време снимија и видеоспот и тоа во Кочани, а режисер на истиот беше Александар Ристовски – Принц.

Песната за помалку од 24 часа има преку 100.000 прегледи на Јутјуб!

Слушнете и уживајте:

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.