Славниот пејач ужива во Мексико со 18 години помладата свршеница, која му родила три деца: Ја згрозила јавноста со вулгарниот изглед!

Не можеле да ја скријат страста

Пејачот имал жешки сцени на плажа со 18 години помладата свршеница, а присутните останале без текст од нивното непримерно однесување

Славниот американски пејач Робин Тики (46) ужива во романтичното патување низ Мексико со својата 18 години помлада свршеница Април Гери. Уживајќи на плажа, познатата ѕвезда ја истакнала совршената мускулеста фигура, додека неговата поубава половина гордо ги шетала занесните облини во минијатурно бикини.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by April Love (@aprillovegeary)

Не ги интересирале погледите на присутните, а не им било ни грижа што се наоѓаат на јавно место, па опуштено си разменувале нежности, а морскиот стајлинг на девојката на Робин речиси ништо не ѝ препуштил на имагинацијата. Поради вулгарните глетки, двојката се соочила со осуди од јавноста, иако важат за една од најскладните на јавната сцена.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by April Love (@aprillovegeary)

По скандалозниот развод, Робин се смирил и сега ужива во заедничкиот живот со Април веќе цела деценија, а се чини дека не планираат наскоро да се венчаат.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by April Love (@aprillovegeary)

Април објавила и видео од Мексико на Инстаграм што покажува дека со текот на годините само уште повеќе се сакаат. Круна на нивната љубов се нивните три деца – ќерките Миа (5) и Лола (4), како и синот Лука (2).

„Сакам секаде да бидам со тебе“, напишала под објавата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by April Love (@aprillovegeary)


Тие започнале врска во 2014 година, а свршени се од декември 2018 година.

Робин зад себе има пропаднат брак со 47-годишната Паула Патон, со која има син Јулијан (13). Поранешната сопруга ја запознал кога имал само 14 години, но Паула побарала развод по 2 децении брак.

Се шушкаше дека причината за развод биле неговите бројни прељуби, како и прекумерното консумирање алкохол. По болната разделба, успеале да ги решат несогласувањата, па денес заедно учествуваат во воспитувањето на синот Јулијан.

Сите шокирано гледале во актерката на плажа: Заборавила дека е во јавност, се соблекла, па им се препуштила на страстите со момчето
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.