Грашо првпат за венчавката со ќерката на пријателот: Ги обожавам, драго ми е што сме семејство! (ФОТО)

Пејачот беше искрен...

Помеѓу Петар Грашо и ќерката на Тончи Хулиќ, Хана Хулиќ минатата година се случила љубов, која наскоро ќе биде крунисана со брак, а подоцона и со она најубавото во животот – бебе.

Иако не сака многу да зборува за својот приватен живот, па на оваа тема досега не се огласувал многу, популарниот пејач признава дека е среќен како никогаш претходно.

– Се случи љубов. Љубовта треба да се случува, не треба да се планира, за љубов не треба премногу да се зборува. Тоа се некои работи кои човек треба да ги гаи во себе, не треба да се оптеретува со тоа. Да, постои љубов. Да, се случува во еден период од животот со личноста која во тој момент ти значи највеќе и со која планираш да се препуштиш и да пловиш – рекол пејачот, па признал дека планираат гламурозна свадба.

Фото: Инстаграм

– Нито тоа не е тајна, иако сме гледале 40 датуми. (се смее). И Хана и јас сме личности кои не сакаат да се појавуваат во медиумите. Неверојатно е дека бевме на толку многу насловни страници, баш ние кои не го сакаме тоа – признал Петар во една емисија и додал дека се радува на тоа што ќе стане татко.

– Ќе станам татко. Благодарни сме на секој чекор кој се случил околу нас. Малку ни е смешно кога луѓето не сликаат со телефони секаде, имам 25 години кариера, но очигледно на луѓето им недостига малку од тие убави приказни… Но, јас и понатаму ќе се трудам да ја чувам својата приватност, бидејќи сакам на луѓето да им е важна песната, а не мојата спална соба – рекол пејачот кој за семејството Хулиќ има само пофални зборови.

– Точни и јас секогаш сме си биле еден на друг на располгање, од првиот момент и пријателски и приватно и професионално. Секогаш сме биле семејство, а сега сме некако и формално, правно семејство. Ја обожавам таа фамилија, навистина. И тие многу добро се согласуваат со моето семејство. Живееме како сите нормални луѓе. Се зезаме, се смееме. Уживаме да правием музика и многу сум среќен што ја имаме таа сјајна синергија и кога работиме заедно.

 

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.