Емотивна исповед на Илда Шаулиќ: Татко ми се повеќе ми недостига, се разбиравме со поглед!

Уште малку ќе се навршат 3 години од неговата смрт...

Фото: Глориа

На 17 фебруари ќе се наврши точно три години од смртта на легендарниот пејач Шабан Шаулиќ, а за него овојпат зборуваше неговата ќерка, пејачката Илда Шаулиќ.

Наследничката на легендарниот пејач во интимната исповед открила непознати детали од животот на својот татко, со кого била доста поврзана.

– Мислам дека како поминуваат годините се повеќе ќе ми недостига. Сега како зрела и формирана жена, мислам дека ќе ми треба многу повеќе.

Фото. Рајко Ристиќ

– Тој е човек кој не зборуваше многу. Беше специфичен и многу мудар. Ние двајца се разбиравме со поглед, знаев што мисли, како се чуствува, дали е нешто како што треба или не е. Дури сега забележувам дека ќе ми недостига – рекла Илда во една емисија.

На Илда и е осебено жал што познатиот пејач нема да го гледа растењето на нејзината ќерка, но додала дека се радува што го запаметила нејзиниот дедо.

– Жал ми е, особено во овој период, имам девојче кое има пет години. Драго ми е што го памети дедо и. Таа се сеќава на дедо кога и свирел гитара. Постои убава снимка, кој ја има мојот сопруг. Многу се радуваше на ќерка ми. Жал ми е што нема да гледа како расте  – рекла Илда.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.