Гоца не можела да го трпи боемскиот живот на Шабан Шаулиќ: Се развела од него, а тој со денови молел да му се смири!

Сепак, љубовта победила...

Пејачот Шабан Шаулиќ и клавијатуристот Мирсад Кериќ загинаа на 17-ти фебруари 2019 година, по настап во Германија. Скоро три години по несреќата, случајот ќе добие судска разврска и тоа на куќната слава на вдовицата на кралот на фолкот, Гордана.

Рочиштето на кое за првпат ќе биде изведен Турчинот Алсин Левент, закажано е за 20-ти јануари, поточно на Свети Јован.

Целото семејство Шаулиќ ќе замине во Германија за да присутвува на судењето кое веќе предизвикува огромен интерес во јавноста до таа мерка што судот добил рекорден број пријави за акредитации од германски, но и медиуми од околните земји.

Ова ќе биде првпат семејството да се сретне лице во лице со човекот кој го усмрти Шабан, а Гордана по тој повод дала изјава:

– Веруваме во судот во Германија и се надеваме на максимална казна, но колку и да биде осуден ништо не може да го врати нашиот сопруг, татко и дедо Шабан, ниту да ја намали тагата и болката која ја чуствуваме. Две семејства се завиени во црно и остануваат да живеат со тоа до крај – рекла Гоца.

Шабан и Оља Шаулиќ

Да потсетиме. Гордана и Шабан беа во брак 43 години, а во една прилика пејачот открил дека едно време биле разведени и дека тој со неговата Гордана се женел два пати. Имено, причина биле неговите ноќни забави. Еднаш Гордана го чекала да се врати дома и му рекла: „Ако сакаш така, ајде ние да завршриме“.

– Не мислев дека е сериозна. Потпишувам нешто, тоа да ти било барање за развод. После тоа трчај, моли, еве дома сум, не идам никаде. Бевме разведени некаде околу 15 до 17 дена – објаснил Шабан.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.