Ручек за денес: Највкусните посни полнети пиперки!

Пробајте

Пиперките може да се приготват на илјада различни начини, а ова е еден од нив

Состојки:
  • 6 суви црвени пиперки
  • 3 страка праз или една средна главица кромид
  • 100 г крупно мелени ореви
  • 100 г грав тетовец
  • 1 шолја ориз
  • мешавина на сув билен зачин
  • црвен пипер
  • сол, бибер
Приготвувате:

Пропржете го кратко празот (или ситно сечканиот кромид) на малку масло, а потоа додајте мелени ореви. Пржете го сето тоа заедно уште 2-3 минути и потоа додајте во тоа измиен и исчистен ориз и пасиран варен грав.

Продолжете со пржење уште 1 минута, па додајте мешавина од сув билен зачини и посолете и забиберите по вкус. Крчкајте уште 2 минути на тивок оган. За тоа време, оставете  ги сувите пиперки да отстојат во топла вода, за полесно да се наполнат. Потоа, наполнете ги со приготвениот фил, но внимавајте да не се наполнат до врвот.

Наполнетите пиперки наредете ги во тенџере, долејте малку вода и крчкајте ги на тивок оган додека се свари оризот. По потреба, долевајте уште вода. Потоа, потпечете ги во рерна, загреана на 200 степени, па пред крајот на печењето прелејте ги со масло, претходно пропржено со црвен пипер.

Вкусен и здрав ручек полн со витамини: Пригответе полнети пиперки во павлака!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.