Ѓоко Јовиќ и Владо Дојчиноски уште еднаш ги вкрстија искуствата – се снимаше спот за „Ергени се збрале“ (ФОТО)

Нов спот наскоро...

Сигурно се сеќавате на урнебесните моменти од снимањето на „Решив дома да се вратам“, песна во чиј што спот главната улога ја имаше единственот наследник на Ѓорѓи Колозов, екстравагантниот Владо Дојчиноски, кој што за потреби на спотот среде ноември се фрли во Охридско езеро, за, како што изјави тогаш во интервју, да го збогати спотот и приказната во него со совршен крај.

Нивната соработка датира од поодамна, па така, познавајќи се меѓусебно на професионално поле и знаејќи ги можностите и очекувањата, одлучија да го сработат и овој проект заеднички.

Имено, Ѓоко Јовиќ и „Енерџи бенд“ деновиве подготвуваат ново музичко парче во етно амбиент и со звуците на традицијата, па така на самиот почеток беше јасно дека Владо Дојчиноски е еден од оние кои што најдобро ќе се вклопат во целата приказна, секако, вклучувајќи ја и целата екипа, почнувајќи од:  Дубравка Киселички, Пируника Киселички, Давид Илиќ па до статистите кои што се појавуваат во спотот во спонтана улога.

„Ергени се збрале, чешма соѕидале, сред село моми да дојдат, ергени моми да видат“ е сегмент од песната со кој што тие делумно ни ја открија тематиката на новата песна и открија за што всушност се работи.

Сценариото и режијата на спотот се на Владо Дојчиноски, а музиката е дело на Ѓоко Јовиќ, фронтменот на „Енерџи бенд“, додека текстот и овој пат го напиша Александар Стевановски. Спотот се снимаше во село Винце со продукциска екипа од Охрид.

Во продолжение погледнете низ фотографии за што станува збор:

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.