Темпераментната Марија Спасовска со нетрпение го очекува настапот на „Макфест“: Се надевам дека публиката ќе ужива!

Уште само 2 дена...

Има уште неколку дена до одржување на музичкиот фестивал „Макфест“, а младата пејачка Марија Спасовска се подготвува како и минатата година кога дебитираше, повторно да ги освои симпатиите на публиката. Овој пат со песната „Темперамент“.

Ако за разлика од минатата година младата музичка ѕвезда настапи во првата, односно натпреварувачка вечер, овој „Макфест“ ќе ја видиме во втората вечер, односно сцената ќе ја дели со нејзините искусни колеги како што се: Владо Јаневски, Ламбе Алабаковски, Александар Тарабунов, Вера од Љубојна, Огнен Здравковски и други…

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marija Spasovska (@marija.spasovska)

Марија и нејзиниот тим веќе неколку дена работат под полна пареа и се подготвуваат за настапот во Штип.

Исто така, младата пејачка и својот тим од соработници пред неколку дена го завршија и снимањето на спотот за песната макфестовската нумера со која ќе настапи и истиот ќе се објави по завршувањето на фестивалот, односно во недела на 22-октомври.

„Едвај чекам да дојде сабота, долго се подготвував за овој настап, а да бидaм искрена и снимањето на спотот добро ме измори мене и сите од мојот тим. Се надевам дека публиката ќе го награди нашиот труд, бидејќи навистина дадовме се од себе“ – изјави накусо Спасовска.

Инаку таа беше дел и од проектот „Македонијо во срце те носиме“, со кого настапи во повеќе градови низ нашата земја и урнаа рекорди во посетеност…

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.