Евровизија следната година нема да се одржи во Украина, еве која земја ќе биде домаќин!

Изненадени?

Натпреварувањето за песна на Евровизија следната година ќе се одржи во Велика Британија, потврдено е и официјално – пишува „BBC“.

Организаторите одлучиле дека случувањето не може да се одржи во земјата на победниците, односно Украина поради војната која се уште трае.

Велика Британија беше втора на овогодинешното натпреварување, па Европската радиодифузна унија (ЕБУ) отворила преговори со „BBC“.

Се уште не е познато кој град ќе биде домаќин, но засега се шпекулира дека тоа ќе биде Глазгов или Манчестер.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.