Познатиот турски колач на уште повкусен начин: Сигурно ќе ви успее по овој рецепт! (ВИДЕО)

Превкусно!

Идеален десерт за сите пригоди

Султанските ролнички се познат турски специјалитет со кокос. Најчесто се приготвуваат со бел фил, а сè попопуларни се и новите верзии со јагоди, чоколадо… А најновата верзија е со омилениот пијалак на многумина, кој му дава посебен шмек на познатиот колач

Состојки:
  • 1 л млеко
  • 150 г брашно
  • 50 г скроб
  • 120 г шеќер
  • 100 г путер
  • 1 лажиче екстракт од ванила
  • 200 г кокос
  • 1/2 л кока-кола
  • 15 г желатин
Приготвување:

Посипете кокос во плех и убаво распоредете го. Во млекото додајте брашно, скроб, шеќер и ванила. Добро промешајте за да не останат грутки. Варете со непрекинато мешање, додека се згусне. Потоа, сипете путер и промешајте го да се стопи. Внимателно сипете ја смесата преку кокосот и убаво распоредете ја.

Оставете ја да се лади во фрижидер еден час. Во желатинот сипете вода и оставете го да набабри, а потоа стопете го на парења и сипете го во кока-колата. Промешајте и сипете го растворот преку белиот крем. Повторно оставете го да се олади во фрижидер еден час. Исечете го на ленти и завиткајте ја секоја од нив.

Погледнете ги подеталните упатства во следново видео…

Старинска баклава со ореви: Трикот е во начинот на кој се прелева колачот пред да се пече!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.