Родителите ги обожаваат овие 3 имиња за нивните деца: Станаа најпопуларни во текот на изминатата година, а нивното значење е прекрасно!

Ви се допаѓаат?

Овие имиња се многу популарни во странство

Името на детето е една од првите важни одлуки на родителите. Додека едни одбираат традиционални, други претпочитаат помодерни имиња. Овие три имиња биле прогласени за најпопуларни во текот на изминатата година…

Мара

Името Мара е една од варијантите на името Марија, кое има повеќе толкувања, а според едно од нив, ова име е изведено од египетскиот збор mry, што значи „сакана“, односно „сакана од Бога“.

Марија е латинска форма на еврејското име Мирјам, како име на мајката на Исус, кое симболизира чиста и длабока љубов. Според старите толкувања, името настанало од еврејскиот збор „mir“ (што значи горчливо) и „jam“ (море), па значењето би било „горчината на морето“.

Според нумерологијата, станува збор за луѓе кои се силни и успешни и кои добро управуваат со финансиите. Освен тоа, тие се амбициозни, храбри и најчесто им успева сè што ќе пробаат.

Вид

Името Вид е изведено од латинскиот збор vita, што значи „живот“. Значењето е разновидно, но се верува дека најприближното значење на името е „оној што сака да помогне“ и „оној што сè гледа и сè може“.

Во некои толкувања се наведува и дека значењето на името е „оној кој е чудотворен“ или „оној кој се бори за своите убедувања“. Од друга страна, постои верување и дека името Вид ја краси личноста што е драгоцена како видот што го краси окото.

Според нумерологијата, луѓето што го носат ова име се мирни посредници што сакаат хармонија во односите. Сакаат нежност и внимание, а како луѓе важат за смирени и пријатни.

Луна

На латински јазик, luna значи месечина, а во римската митологија ова име го носела божицата на месечината.

Според нумерологијата, луѓето со ова име се креативци кои не зависат од другите луѓе. Подобро ги поднесуваат животните тешкотии од другите луѓе, а во животот, меѓу другото, многу им е важна и духовноста.

Според толкувањата, името Луна го носат чесни, креативни и независни луѓе. Способни се да сакаат со чисто срце.

Ретки и многу посебни: 30 најубави библиски имиња за вашите девојчиња и момчиња!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.