Душко Тошиќ сега има милиони, а пораснал во сиромаштија: Родителите како дете го пратиле во интернат за незгрижени деца! (ФОТО)

Животот е чудо!

Фото: Hello.rs

Поранешниот фудбалер и фудбалски менаџер Душко Тошиќ после 14 години брак се разведе од пејачката Јелена Карлеуша.

Душко во бракот со Јелена стекнал големо богатство, а она што на сите е познато е дека тој пораснал во сиромаштија.

Имено, неговите родители поради сиромаштија морале да го однесат во интернат, во кој поминал три години, а денеска тој е милионер.

Поранешниот српски репрезентативец пораснал во малото село Орловат кај Зрењанин во куќа полна со љубов и малку финансиски средства за живот. Родителите на Душко толку немале, што татко му Милорад морал да го испрати во Дом за незгрижени деца, каде тој се обрзувал ,а воедно тренирал и фудбал кој му донесе милиони.

„Душко навистина имаше тешко детство. Неговите родители беа сиромашни, но честни и добри луѓе. Бидејќи сакаше да тренира фудбал, татко му после основно училиште го однесе во Зрењанин и го даде во дом за да се образува и воедно да игра фудбал. Заминувањето од малото село во градот, за Душко било остварување на сонот. Знам дека на родителите им ги бакнуваше рацете кога ќе дојдеше дома, бидејќи му ја исполнија желбата и го пратија во тој интернат. Не се секирал што во него имало и напуштени деца, бидејќи имал јасна цел. Па, што ќе беше од него ако останеше во Орловат? Ништо! – рекол мештатнин од неговото родно село.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.