Спиењето со вашето куче носи три предности: Истражувањата даваат интересни резултати

Домашни миленици

Многу сопственици на кучиња спијат во ист кревет со своето милениче.

Сопствениците на кучињата знаат колку е силна љубовта според миленичињата. Често ги пуштаат во својот кревет, не размислувајќи дали е тоа добро или лошо.

Научниците истакнаа дека е добра идејата да спијат со кучето во ист кревет и тоа од повеќе причини. Секако, предуслов е кучето да биде вакцинирано и сопствениците редовно да ја одржуваат хигиената на својот најдобар другар.

Психологот Барбара Сантини истакна дека постојат повеќе предности на спиењето покрај својот миленик.

Го подобрува квалитетот на сонот

Некои истражувања покажаа дека спиењето со кучето може да го ублажи чувството на аксиозност, да го подобри расположението и да го направи опкружението уште попријатно и поопуштено. Луѓето кои имаат кучиња веројатно полесно ќе потонат во сон и ќе имаат помалку проблеми со несоницата.

Спиењето со домашните миленици поттикнува производство и ослободување на поголеми количини на окситоцин. Кога нашето ниво на окситоцин е високо, веројатноста е поголема дека ќе доживееме потполна релаксација на телото, смета Барбара и додава:

Ова ги стимулира тета мозочните бранови и помага нашиот ум да формира спомени и да ја зголеми креативноста.

Јакнење на имунитетот

Домашните миленици поттикнуваат разновидност на микрообиомот во куќата, а истражувањата покажуваат дека вашиот имунолошки систем се зајакнува кога е изложен на различни миркоорганизми, објаснува Барбара.

Некои истражувања покажаа дека домашните миленици можат да помогнат во намалувањето на крвниот притисок.

Чист дом

Иако на прв поглед тоа така не изгледа, но луѓето кои својот дом го делат со кучето, редовно ја менуваат постелнината и ја чистат куќата.

Девет од десет жени ја перат постелнината секои две недели, но тоа не е доволно хигиенски затоа што се задржуваат алергените во текот на летото, почна да објаснува Барбара, па продолжи:

Домашните миленици даваат дополнителна причина за одржување на куќата во ред, така што спиењето со нив и перењето на постелнината на неколку дена на топла температурна програма ќе спречи собирање на прашината.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.