ПОДАРОК за 1 ЧИТАТЕЛКА: Пакет Lush што ќе ви го развесели духот!

Миризливо изненадување

Овој и многу други подароци можете да ги добиете следејќи нè на социјалните мрежи!

LUSH Macedonia подготви рачно изработен пакет Refresh за свежина во текот на целиот ден.

Почнете го утрото со свеж пилинг со лимон и грејпфрут што ќе ви го развесели духот. Ментол-кристалите и маслото од пеперминт ќе ви го освежат телото и ќе ви го разбудат умот.

Разубавете си го и најтмурниот ден со ова трио кое што зрачи добро расположение. Сето тоа е спакувано во кутија обложена со рециклирана украсна хартија и подврзана со машна направена од рециклирање на пластични шишиња.

Зарем веќе денот не е поубав?!

Доколку сакате да го добиете подарокот, треба да ја лајкнете нашата ФБ-страница @ubavinaizdravje.mk, објавата да ја споделите на вашиот фејсбук-профил, доколку сакате, оставете ни и ваш коментар (вашите коментари ни значат многу) и со тоа станувате потенцијален добитник на подароците од тековната „У&З-лавина од подароци“.

Добитникот се избира по случаен избор на редакцијата, а сите добитници на подароците ги објавуваме во следниот број на списанието „Убавина и здравје“, кое излегува во октомври.

Би сакале да истакнеме дека ние не вршиме достава на подароците, може да се подигнат лично или од страна на некој ваш близок во нашата редакција.

Читајте нè! Забавувајте се со нас! Ние сме тука заради вашата убавина и здравје!

Текст и фото: ПР

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.