Мит или вистина: Дали мачките навистина се парат во февруари?

Времињата се променија или сепак не?

Секој со своите потреби…

И покрај популарното верување, мачките не се парат исклучиво во февруари. Парењето кај мачките може да се случи во текот на целата година, во зависност од различни фактори, како што се светлината, температурата, достапноста на храна и хормоналните промени.

Мачките се полиестрозни, што значи дека влегуваат во еструсот (времето кога се подготвени да се парат) во текот на целата година, со интервали помеѓу еструсот. Тоа значи дека еструсот може да се појави неколку пати годишно, а секој еструс може да трае неколку дена.

Мит


Митот за мачките и февруари, кој тврди дека мачките се особено активни и расположени за парење во тој месец, не се заснова на научни факти. Веројатно тоа е резултат на различни историски и културни верувања со кои луѓето се обиделе да го објаснат однесувањето на мачките.

Имено, сезоната на парење кај мачките често знае да биде поинтензивна како што наближуваат пролетта и летото поради зголемувањето на светлината и топлината. Во овој период, мачките почесто влегуваат во еструсот и поактивно бараат партнери.

Важно е да се напомене дека стерилизирањето или кастрацијата на мачките е вообичаена практика кај домашните миленици за да се спречи непотребното размножување и да се контролира популацијата. Ако не планирате да одгледувате мачки или да имате само едно домашно милениче, размислете да го кастрирате односно стерилизирате вашиот четири ножен другар.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.