Мачките ја чувствуваат болеста на сопственикот: Ако осети температура или нешто посериозно, мачката ќе го направи ова!

Верувале или не

Уште еден доказ дека мачките се магични суштества

Дали сте забележале дека мачките секогаш се мирни и тивки? Работата е во тоа што тие постојано се во медитативна состојба.

Поради тоа што мачкиниот мозок е во постојана состојба на смиреност, ова животно може да почувствува болест кај сопственикот.

Нашето тело постојано се менува. Дишеме, крвта ни минува низ вените, а во телото непрестајно се произведуваат хормони. Ако не се наруши нормалната работа на телото, се ослободува супстанција која мачката веднаш ја регистрира. Поради тоа се верува дека мачките го чувствуваат присуството на болест кај сопственикот.

Веројатно сопствениците на мачки ќе кажат дека тоа е невозможно, бидејќи мачките не реагираат кога ќе ги викнат, а камоли нешто друго. Но мора да знаете дека мачките не се кучиња и дека тие прават што сакаат.

Ако имате грип или настинка, мачката постојано ќе биде во ваша близина. Веројатно ќе мислите дека вашиот домашен миленик вака покажува љубов, но мачката само ја користи вашата топлина.

Постојат луѓе што тврдат дека мачките им помогнале да откријат рак. Моментално не постојат истражувања што би го потврдиле тоа, но еден човек од Канада раскажал дека мачката му помогнала да открие рак на белите дробови. Со денови сакала да лежи на неговите гради.

Една жена од Тенеси одлучила да оди на преглед, бидејќи нејзината мачка постојано спиела на нејзината дојка. Подоцна се дознало дека имала рак на дојка.

Без разлика дали верувате во овие приказни или не, се верува дека мачките се многу интелигентни животни – тоа никој не може да го оспори!

Мачкиниот поглед е многу опасен за човекот: Еве што може да ви се случи ако долго гледате во мачји очи!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.