Шесте величествени: Ова се најубавите и најскапите мачки на светот!

Од цената ќе ви се заврти во глава!

Прекрасни и неверојатно скапи

Некои мачки се поретки од другите, а таа комбинација на реткост и убавина довела до тоа да чинат неверојатно многу. Истражувавме малку и ги најдовме најскапите раси на мачки. Од некои износи можеби ќе ви се заврти во глава.

Погледнете ги и уживајте во фотографиите…

1. Персиска мачка


Меѓу најскапите раси на мачки, првото место го зазела персиската мачка, која потекнува од Блискиот Исток. Мила е, мирна и со кроток карактер, неретко се спријателува со мали животни, како папагали или хрчаци. Не е претерано разиграна, па многумина ја викаат салонска мачка, а цената ѝ достигнува и до 5.500 долари.

2. Руска руса мачка

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hercules & Gaia (@herculesandgaia)


Веднаш зад неа, тука е руската руса мачка. Има свиленкаво влакно со русо-сива боја, смарагдно зелени очи, а покрај тоа е многу кротка и лојална како куче. Цената може да достигнува и до 3.000 долари.

3. Савана

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Serval Chester (@serval.chester)


Дали некогаш сте чуле за мачката савана? Станува збор за хибриден вид кој настанал со вкрстување на дива африканска и домашна мачка. Таа има потреба од некој што ќе се занимава со неа, бидејќи по природа е многу темперамента. Добар скокач е, кој без проблем може да скокне од подот на вашиот фрижидер. Интересен е и фактот што оваа мачка има смисла за хумор, а една од омилените шеги ѝ е да се крие од сопственикот. Цената може да достигне и до 20.000 долари!

4. Манска мачка


Потекнува од островот Ману на Ирско море и се смета за една од најнапорните раси. Манската мачка може да има различна должина на опашот, а може да биде и без опашка. Нивната цена се движи помеѓу 800 и 4.000 долари.

5. Сфинкс мачка


Првата била родена во 1966 година во Торонто, а карактеристична е по тоа што нема крзно. Многу е интелигентна, гласна и комуникативна и обожава друштво. Одлично се согласува со деца и кучиња. Не се раса што сака да биде самостојна како другите мачки. Со оглед што немаат крзно, ова се исклучиво домашни мачки и не би смееле да поминат долго време на ладно или директно на сонце. Цената им се движи од 300 до 3.000 долари.

6. Шкотски фолд

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pebbles (@pebbles_scottish_fold)


Шкотскиот фолд е многу интересна мачка со средна големина, особено препознатлива по малите, преклопени уши и кроткиот карактер. Преклопените уши се предизвикани од доминантниот ген што влијае врз рскавицата во ушите, поради што тие добиваат специфична форма. Ако сакате шкотскиот фолд да ви стане домашен миленик, ќе мора да издвоите помеѓу 200 и 3.000 долари.

Мачките ја чувствуваат болеста на сопственикот: Ако осети температура или нешто посериозно, мачката ќе го направи ова!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.