6 раси на кучиња што најмногу страдаат кога ќе останат сами: Паѓаат во депресија!

Не ја поднесуваат добро самотијата

Доколку размислувате да згрижите куче, а знаете дека голем дел од работниот ден ќе го поминува само, добро размислете за изборот на раса

Домашните миленици не сакаат да се одвојуваат од сопствениците, дури и паѓаат во депресија од осаменост. Поради тоа, добро размислете пред да одлучите да имате куче и земете ги предвид и неговите чувства.

Некои кучиња подобро ја поднесуваат самотијата, но ниту едно куче не сака долго да биде само. Овие 6 раси на кучиња се познати по тоа што најмногу страдаат кога ќе останат сами…

Чивава

Активна и постојано во движење, малата чивава е омилениот домашен миленик кон кого сопствениците честопати се однесуваат како кон дете. Ужива во прегратките на сопственикот и во прошетките со него, но ако остане сама подолг временски период, анксиозноста може да ја претвори во вистински деструктивен насилник.

Пудлица

Ова слатко крзнено топче е пријателски расположено и силно ќе се приврзе за вас. За жал, пудлицата може да стане премногу зависна од вашето присуство и да развие сериозна анксиозност на одвојување ако ја оставите сама подолг временски период. Понекогаш, тоа резултира со негативно однесување, па вашето сакано куче може да направи голема штета во домот.

Бишон

Бишонот е нежно куче и е зависно од вниманието на сопственикот. Кога подолго време ќе остане само, може да развие проблеми со анксиозноста.

Малтезер

Како и чивавата, сопствениците често го третираат слаткиот мал малтезер како дете и тој брзо се навикнува да биде во центарот на вниманието. Затоа, ќе биде огорчен и љубоморен ако го оставите сам.

Француски булдог

Тој не претпочита никаква активност и повеќе му годи милувањето со сопственикот по чие внимание го губи разумот. Францускиот булдог е зависен од човечкото друштво и покажува огромна љубомора ако вниманието на сопственикот не е насочено само кон него. Апсолутно мрази да биде сам.

Померанец

Ако постои нешто што померанецот го мрази повеќе од капењето, тоа е да биде сам. Овие кучиња лесно се врзуваат за своите сопственици, а ако мораат да поминат извесно време сами или со некој човек што треба да ги причува, може да станат агресивни или анксиозни.

Вашето активно куче може да се мачи во самотија, бидејќи постојано му треба движење, а кучињата што не се дресирани да бидат послушни или не се навикнати да бидат сами, може да се вознемират кога ќе сфатат дека одите на работа.

Кучињата во повеќето случаи не се снаоѓаат добро сами. Може да направат и штета во домот и често не можат да ги контролираат физиолошките потреби доволно долго. Кучињата кои поминуваат многу време сами, може да доживеат екстремен стрес и страв.

Иако за секој проблем во однесувањето на кучето може да се најде решение, кога станува збор за останувањето само во домот, сопственикот треба да се потруди да го навикне својот миленик на одвојување.

Дали кучињата плачат? Истражувањата можат да ве изненадат
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.