Предлог за ручек: Пилешко филе и топчиња од компир потпечени во рерна!
Фантазија оброк
Ви предлагаме да пробате пилешко на малку необичен начин
Состојки:
- 400 г пилешко филе
- 100 г праз
- 300 г тиквички
- 6 чешниња лук
- 50 г сланинка
- 150 мл павлака за готвење + 50 мл вода
- околу 100 г кашкавал
- околу 2 лажици пармезан
- малку сол и бибер
- 1 лажица доматно пире
За пирето од компир:
- 700 г компири
- 2 лажици рендан кашкавал
Приготвување:
Во подлабоко тавче на масло продинстајте ситно сечкано пилешко бело месо. Кога ќе се продинста, префрлете го од тавчето во чинија, а во истото масло прединстајте праз и лук.
Потоа, додајте сечкани тиквички и сланинка, а потоа и зачини и павлака за готвење. Кога сето тоа ќе се скрчка, вратете го пилешкото во сосот и сето тоа измешајте го. Префрлете го во огноотпорен сад, па направете топчиња од пирето од компир, кои ќе ги ставите на врвот од смесата.
Потпчете го сето тоа во рерна, посипете уште малку кашкавал и магдонос и послужете го јадењето топло.
Коментарите се заклучени.