Обожавате да јадете грав, но ве подува? Додајте ја оваа состојка при крајот на готвењето и заборавете на овој проблем!

Совет против подување

Испробајте го овој совет на искусните домаќинки и заборавете на гасовите

Гравот е хранливо, вкусно и евтино јадење кое едноставно се приготвува. Ширум светот може да се пронајдат многу регионални варива од грав, познати како чорба од грав, кои подразбираат бавно варење грав со мешавина од зеленчук и месо, во зависност од регионот.

Гравот спаѓа во групата здрава намирници, изобилува со аминокиселини, протеини, комплекс на Б витамини, хранливи влакна, одличен извор е на протеини и содржи витамини, како фолати и железо. Исто така, содржи малку маснотии и малку калории, што го прави главната состојка во медитеранската исхрана.

Многумина одбегнуваат да го јадат поради тоа што подува, особено во попладневните и вечерните часови кога може да предизвика стомачни проблеми и непријатни гасови.

Оваа мешунка можете да ја јадете без страв од подување ако претходната вечер го потопите во вода, па го измиете утредента. Подувањето е последица на неспособноста на организмот да свари сложени хемиски супстанции.

Со процесот на потопување на гравот доаѓа до растворање на тие супстанции во водата, па кога првата вода ќе се фрли, а гравот ќе почне да се вари, содржината на тие сложени супстанции е далеку помала. Токму таа предизвикува подуваност во организмот и го зголемува нејзиниот интензитет.

Постои уште еден трик што е многу поедноставен. Сè што треба да направите е во тенџерето во коешто се вари гравот да додадете сушено нане или неколку ливчиња нане, и тоа 20 минути пред крајот. Не грижете се, оваа зачинска билка нема да го промени вкусот на гравот.

Гравот нема да ве подува само ако го приготвувате ВАКА: Вкусот ќе биде уште подобар, а тајната се крие во 1 состојка!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.