Дизајнерката Ива Спасовска одржа спектакуларна ревија! (ФОТО)

Погледнете како изгледаше...

Во саботата во “Luxury Hotel Limak Skopje” се одржа модна ревија под темата “Angel” на модната дизајнерка Ива Спасовска каде ја претстави новата колекција на фустани инспирирани од женствената и боженствена енергија на жената.

Присуството на гостите беше во значително огромен број над 600-тина гости што доволно го потврдува фактот дека кај луѓето сѐ уште се држи будниот интерес за шоута кои ги подготвува Ива Спасовска и по што е позната на јавноста.

Настанот доби повисока цел бидејќи беше од хуманитарен карактер и со поддршка од здружението „Ацт Македонија“ каде пристутните охрабрени со пораката “Биди и ти нечиј ангел” донираа за најранливите категории.

Модното случување започна со изведбата на виолинистката Сања Здјелар, а по неа свој настап имаа неколку македонски пејачи како Огнен Здравковски, Елена Петреска, Александар Тарабунов, Лара Иванова и Антониа Гиговска. Во моментот кога атмосферата во салата се подигна на повисоко ниво, а присутните беа видно расположени, на сцената настапи групата “Hidden Jams” каде низ микс популарни песни ги изразија своите надреални танцувачки хип хоп вештини.

Свој настап имаше и водителката Николина Славковска или позната како Нина Ред, која танцуваше во пердувести ангелски крилја изработени од креаторката Марија Пупучевска.

Веднаш потоа се отвори модната ревија, каде меѓу манекенките продефилираа и неколку познати имиња, како на пример раперката Луна, ќерката на Мики Црнокрак, Моника Црнокрак, пејачката Барбара Ракичевиќ и фитнес тренерот Кристина Неделковска…

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.