Џулија Робертс конечно проговори за смртта на поранешниот дечко Метју Пери (ВИДЕО)

Џулија се потсетува на старите убави времиња...

Светски познатата актерка Џулија Робертс проговори за тажната судбина на нејзиното поранешно момче, легендарниот актер Метју Пери.

Таа гостуваше во емисија за време на промоцијата на филм и беше прашана за трагичната смрт на Пери.

Ненадејната смрт на некој толку млад е срцепарателна. Мислам дека, во вакви моменти само ни помага  да го цениме она што го имаме и да продолжиме на позитивен начин колку што можеме – изјави таа во емисијата „Entertainment Tonight“.

Инаку, тие се запознале за време на нејзиното гостување во серијата „Пријатели”, кога Метју ја контактирал за да стане дел серијата барем во една епизода.

Како што претходно истакнал починатиот актер, продуцентите го замолиле да ја контактира откако таа рекла дека ќе гостува во серијата само доколку нејзиниот лик може да биде поврзан со Чендлер.

Тогаш и испратив рози и напишав: „Единствено повозбудливо нешто од шансата да учествуваш во шоуто е што конечно имам изговор да ти испратам цвеќе“. Не само што Џулија се согласи да работи во серијата, туку ми испрати и подарок, ми испрати многу колачи – изјави Пери за The Times.

 

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.