Брус Вилис поради болеста го распродаде имотот вреден 65 милиони долари!

Актерот се подготвува да му се влоши здраствената состојба...

Фото: Getty Images

На славниот актер Брус Вилис му е дијагностицирано пореметување во памтењето, афазија, поради кое се пензионираше и потполно се повлече, а како тврдат неговите пријатели, тој и го распродал целиот негов имот.

Холивуд, па и целиот свет е шокиран со неговата состојба, а во јавноста постојано испливуваат нови работи поврзани со него.

Како што откриле пријателите на актерот, тој веќе се подготвил за напредок на болеста, односно влошување на состојбата, па поради тоа го продал имотот вреден 65 милиони долари.

„Брус веќе подолго време се подготвува за овој момент. Знаеше дека здраствената состојба ќе му се влоши и дека ќе дојде време кога неговата заработка нема да биде голема како некогаш. Исто така знаел дека бројниот имот и станови нема да му бидат потребни и дека ќе мора да живее во сигурно семејно опкружување – рекол изворот и додал:

„Со оглед на тоа дека го продаде повеќето од својот имот во последните неколку години, очигледно е дека со години се подготвувал за тоа дека ќе мора да го поедностави својот живот.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.