Боки 13 на операција: Неговиот адвокат вели дека е животно-загрозувачка, ќе му биде отстранет желудникот!

Опасно по живот!

Во тек е операција на Бојан Јовановски-Боки 13 во болницата „Св.Наум Охридски Скопје“, пренесува порталот „Макфакс“.

Тој утринава бил однесен во операциона сала, каде треба да му биде извршен оперативниот зафат. Адвокатот Владимир Туфегџиќ, полномошник на Јовановски-Боки 13 за „Макфакс“ ја потврдува информацијата и посочува дека станува збор за сложена интервенција која е ризична и животно-загрозувачка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Boki 13 (@boki13official)

По завршување на сите медицински испитувања, денеска во Универзитетската клиника за хируршки болести Св.Наум Охридски Скопје, се извршува хируршка интервенција врз Бојан Јовановски од страна на тим од повеќе специјалисти – хирурзи. Станува збор за исклучително сложена хируршка интервенција која е високо ризична и животно загрозувчка, на чии последици повеќе пати навремено писмено укажуваа лекарите специјалисти од областа“, вели адвокатот Туфегџиќ за „Макфакс“.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.