Српскиот пејач Немања Николиќ доживеал инфаркт додека ги возел сопругата и децата: „Имав притисок 260 со 168!“

Се спасил...

Српскиот пејач Немања Николиќ во една емисија открил како доживеал инфаркт зад воланот додека со него во автомобилот била неговата сопруга и децата.

Со итна реакција на докторот, тој успеал да преживее, а последиците по неговото здравје останале трајни.

Како што раскажал, тој рано почнал да се занимава со музика, па водел стресен живот и поради тоа престанал да се грижи за своето здравје, а тоа довело го довело до сериозни здраствени компликации.

Николиќ гостувајќи во една емисија, открил низ што се поминал, како и болката која ја почуствувала, рекол дека тоа никогаш нема да го заборави.

„Имав среќа и поминав добро. Иако сега сум добар, никогаш нема да го заборавам тој ден. Доживеав инфаркт додека возев. Со мене беа децата и сопругата. Беше јануари, тргнавме во игротека на детски роденден. На 200 метри од игротеката, почуствував неопишлива болка во грбот, како некој да ми забил нож во грбот. Таа болка траеше околу 15 секунди“ – рекол пејачот.

Рекол дека успеал да ги пренесе децата и сопругата и тогаш излегол од автомобилот. Бил мокар, како да го полил некој со вода. Не бил свесен што се случува. Во рок од 5 минути бил во болница.

„Се се случува во неколку минути. Во тој момент имав притисок 230 со 168. Веднаш ми дадоа лек за под јазик, а на ЕКГ се гледаше дека сум имал инфаркт. Немаше никаква интервенција. Докторите ми кажаа дека сум млад и дека имам здраво спортско срце. На него останало лузна од неколку милиметри. Добив лекови кои морам да ги пијам целиот живот, од нив не можев да функционирам. Ме успивааа и ме успоруваа. Дури сопругата на нив ги пишуваше имињата на децата, за да ги пијам“ – рекол Немања.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.