Бегајте од вакви другари: Им ја фрли тортата на младенците, па доби шлаканица од младоженецот! (ВИДЕО)

Што му требаше ова..

На социјалните мрежи се шири вирално видео од една венчавка која започнала со лошо. Имено, за време на церемонијата на сечење на свадбената торта, еден пијан гостин со раце ја распарчил тортата и почнал да ја фрла на младенците.

Младоженецот на неговиот непромислен потег реагирал брзо и рефлексно, удирајќи го со рака во лице, а оваа снимка за брзо станала вирална.

Видео кое е објавено на ТикТок, а потоа и избришано, започнало да кружи по социјалните мрежи, а снимката на Твитер собрала повеќе од 2 милиони прегледи.

„Да бев на местото на невестата, овој тип лошо би поминал. Тортата чини, а некои младенци замрзнуваат парче од неа за да можат да ја јадат и по година дена, им ја уништи свадбата“ – напишала една корисничка на Твитер.

Погледнете го видеото:

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.