Започнете го вашето утро со Овесниот микс на Nutrino Lab

Направени од 100% овошје и житарки

Новите производи на Nutrino Lab со овес се достапни во две различни пакувања – стандардното „пауч“ пакување на Nutrino Lab и овесна каша во „зип“ пакување

Со денешното брзо темпо на живот, да се најде здрав и вкусен појадок, кој лесно се вклопува во нашата рутина може да биде предизвик. Недостатокот на време и инспирација често доведува до неправилна исхрана и лоши навики. За сите оние кои бараат природни и хранливи опции, ви го претставуваме новиот производ на Nutrino Lab – Овесен микс за добро утро на Nutrino Lab. Направени од 100% овошје и житарки, збогатени со лен и чиа семиња, без додаден шеќер, конзерванси и адитиви, овесните миксови на Nutrino Lab се иновативно решение за совршен почеток на денот. Прилагодени на целодневните потреби, новите производи на Nutrino Lab обезбедуваат едноставна опција, која не само што лесно станува дел од секојдневната утринска рутина, туку и го менува начинот на кој гледате на навиките за исхрана исполнети со добро чувство.

Новите производи на Nutrino Lab со овес се достапни во две различни пакувања – стандардното „пауч“ пакување на Nutrino Lab и овесна каша во „зип“ пакување. За оние кои се во движење, „пауч“ пакувањето со 100% овошно пире со додаток на овес е совршен избор, бидејќи секогаш можете да го понесете со себе. За домашна консумација, новата овесна каша на Nutrino Lab во „зип“ пакување за четири здрави и вкусни утрински оброци претставува вистинско богатство за здравјето и обезбедува долготрајно чувство на ситост. Иновативното „зип“ пакување ја зачувува свежината на производот и е совршен избор за здрав оброк за целото семејство.

Nutrino Lab е идеалниот сојузник за добро утро и за уште подобро чувство, кое ќе ви обезбеди доволно енергија за сите претстојни дневни задачи. Со три нови вкусови, оваа линија на овесен микс носи иновативен пристап кон поздрава, секојдневна исхрана.

Првиот во серијата е миксот Cocoa Anyway со интензивен вкус на какао. Совршената комбинација од банана, јаболко, какао и овес, без додаден шеќер и конзерванси, обезбедува утринска енергија за возбудлив почеток на новиот ден.

За љубителите на овошни ноти, тука е миксот Very Berry – магична комбинација од црвени бобинки и лен. Овој микс го носи вкусот на црвените бобинки директно на вашата трпеза, претставувајќи брзо и вкусно решение кое ќе ги задоволи сите нутритивни потреби.

Дали сакате да уживате во мирно утро? Миксот Take It Easy е неодолива и добро позната комбинација од јаболко и цимет, збогатена со чиа семе, која ќе ве врати во детството.

Со внимателно одбрани природни состојки, Овесниот микс за добро утро на Nutrino Lab не е само појадок, туку вашиот нов ритуал кој гарантира дека секое утро ќе го започнете денот полни со енергија. Новите вкусови на Nutrino Lab се повеќе од само утрински избор – тие стануваат ваша прва дестинација, бидејќи обезбедуваат не само хранлив почеток на денот, туку и добро чувство кое ќе ве следи во текот на сите дневни активности.

Текст и фото: ПР

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.