Жељко Самарџиќ со длабоки емоции призна: „Концертот траеше два часа, јас се фотографирав три“ (ВИДЕО/ФОТО)

Еднаш ми се случи...

Признава дека му е задоволство да се дружи со обожавателите.

Една од најголемите регионални ѕвезди Жељко Самарџиќ неодамна беше во посета на Скопје по повод големиот концерт на 13 април во С.Ц Борис Трајковски. Во ТВ гостување посочи дека ужива во секој период од животот, а со тоа и во кариерата. Признава дека му е задоволство да се дружи со обожавателите.

„Еднаш ми се случи на едно отворање на спортска сала која собира околу 2.000 луѓе, после концертот дојде главниот организатор и ми вели имаат желба да се фотографираат со тебе. Концертот траеше два часа. Јас се фотографирам три часа. Тогаш имав подобра кондиција. За мене тоа е чест кога некој се одлучил да има фотографија со мене“, истакна тој.

Меѓу другото посочи и дека секогаш има убави чувства и спомени кои го врзуваат за Скопје, но и Македонија.

„Нешто ме влече за овде. Мислам дека може да се сокрие се, но не и љубовта. Јас овде почувствував љубов. И тоа е таа љубов од мојата прва средба со Македонија. Тоа беше во далечнните 80ти кога во Скопје беше изборот за песна на Евровизија. Јас тој фестивал го паметам по една преубава песна која ја пееја Слаѓана Миношевиќ и Дадо Топиќ „Принцеза“. Тогаш со својата група настапував како претставник на БИХ. Тогаш ја запознав мојата драга колешка Калиопи, па Марјана, Росана и многу други. Од тогаш па до ден денс кога и да дојдам во Скопје имам некои фини пеперутки. Едноставно ми е драго. Дури и сопругата ја навикнав на тоа. Кога ќе речам ајде во Македонија, веднаш тука се гледа радост“, додаде тој.

Фото: социјални мрежи
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ:

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.