Рецепт за домашен крем за сончање: Штити од УВ-зраци и потполно е безбеден!

Направете сами

Секогаш најдобро е да се користат природни препарати

Експертите секогаш советуваат да се користат природни препарати, па затоа препорачуваат и рецепт за природен крем против УВ-зрачење.

Сончањето го забрзува стареењето, па со самото тоа и појавата на брчки и треба да се најде мерка во тоа, особено во текот на летните месеци.

Според експертите, корисно е и добро да поминувате минимум еден час дневно на сонце, а кремот што го препорачуваат можете да го направите сами и да го користите во текот на сончањето.

Како сами да направите крем за сончање?

Најдобро е да користите крем за сончање од природни состојки, кој има фактор за заштита од 48.

Состојки:

  • 80 г маслиново масло
  • 10 г масло од семки од малина
  • 10 г цинкова паста

Овој крем ја штити кожата за време на сончањето, а притоа е потполно природна.

„Осумдесет отсто маслиново масло, 10 отсто масло од семки од малина и 10 отсто цинк-оксид, кој може да се земе во форма на паста од аптека. Кога ќе го измешате сето тоа, тоа е целосно сигурно и безбедно“, наведуваат експертите.

Не претерувајте со мачкање

Сепак, докторите нагласуваат дека не треба да претерувате со кремовите за заштита од сонце, бидејќи воопшто не се безопасни.

„Замислете си сега на плажа или во базен кога илјадници луѓе ќе влезат намачкани во вода. Тие кремови се раствораат во водата и вие потоа повторно ја впивате таа хемија преку кожата“, велат докторите и напоменуваат дека треба да се мачкате, но и не треба да претерувате.

Родители, внимавајте!

Што се однесува до подолгите патувања, родителите задолжително треба да понесат доволно вода и да се погрижат децата редовно да се хидрираат.

„Најважно е да понесете доволно течности, и тоа во води во стаклена амбалажа или чај во термос“, велат експертите.

Според нивните зборови, денес луѓето се опседнати со заштитата од сонце,

„Велат дека сонцето е штетно. Ултравиолетовите зраци ги оштетуваат очите, но затоа имате очила за сонце. Што се однесува до кожата, не треба да се изложувате на сонце во периодите кога индексот на зрачење е највисок. Но мора да се спомене и дека сончањето е неопходно за живот“, нагласуваат експертите.

Дали знаете како правилно да чувате крем за сончање за да трае што е можно подолго?
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.