Ова е најздравата позиција за спиење

Која е вашата омилена?

Позата во која спиеме можеби не изгледа толку важна, но податоците покажуваат дека ние трошиме една третина од животот спиејќи, односно ние поминуваме 33 проценти од нашето време во една од позите што може сериозно да влијае на нашето здравје.

На грбот

Десет проценти од луѓето сакаат да спијат на грб, што е всушност многу добро – поретко имате болки во вратот и грбот. Исто така, оваа поза може да ги намали главоболките и да го подобри варењето на храната. Луѓето кои спијат на грб се помалку склони кон брчки, бидејќи лицето не е потпрено на перница. Сепак, на бремените жени не им се препорачува да спијат на грб бидејќи може да почувствуваат абдоминален притисок и непријатност. Истото важи и за оние кои имаат апнеја.

На страна

Оваа позиција најмногу ја користат постари лица, а може да ги расчисти дишните патишта и да го намали грчењето, па затоа се препорачува за лица со апнеја. Експертите велат дека ги намалува болките во грбот и ја подобрува циркулацијата, што е одлично за оние кои имаат проблеми со срцето. Спиењето на страна може да го намали запекот и да го подобри варењето на храната.

На стомакот

Иако на многумина им се допаѓа оваа поза, експертите велат дека не е најприродната, па затоа не ја препорачуваат. Може да почувствувате притисок на глуждовите, грбот и вратот, па може да развиете проблеми со ‘рбетот.

Прочитајте и: Дознајте што е менструален грип и како да го лекувате

 

ФОТО: Pexels

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.