Никако да не ги испробувате: Ова се најбизарните диети на познатите

Исхрана

Еден познат српски нутриционист издвои пет диети кои ги следеле различни познати личности, со напомена дека не треба да ги пробувате и вие!

Поради фактот што се јавни личности, многу актери и пејачи се под притисок да изгледаат на одреден начин. Без разлика дали се работи за некоја улога во филм или само сакаат да изгледаат што е можно подобро и често се ставаат на одредени режими на исхрана, кои ќе ги доведат до целта, без многу да размислуваат за последиците!

Поради желбата што побрзо да постигнат таков изглед, понекогаш применуваат и брзи и нездрави опции.

Нутриционистката Наташа Ѓукиќ издвои 5 диети на познатите личности, напоменувајќи дека не треба да ги пробувате:

Натали Портман

За улогата на балерина во филмот „Црниот лебед“ за кој доби Оскар, Натали Портман мораше да ја намали својата тежина на само 40 килограми. Нејзината дневна исхрана се состоела од половина грејпфрут, морков и малку бадеми. Звучи брутално, но вредеше. Буквално, се исплатеше!

Бијонсе

Една од најпознатите пејачки во светот Бијонсе престана да јаде цврста храна за да ослабне 7 килограми за улогата во филмот “Dreamgirls“. Пејачката две недели пиела само вода со сок од лимон, пипер и јаворов сируп. Иако го постигна она што го сакаше, Бијонсе призна дека никогаш повеќе нема да ја прави оваа диета.

Кристијан Бејл

Актерот Кристијан Бејл за една улога морал да ослабне 30 килограми за 4 месеци. Неговата исхрана се состоела од конзерва туна и јаболко и никогаш не надминувала 300 калории. Актерот пиел многу вода за да го потисне чувството на глад. Заедно со килограмите изгубил и мускули, што дополнително допринело за неговиот бизарен изглед.

Рис Витерспун

По породувањето, Рис Витерспун се сврте кон една популарна диета базирана на храна за бебиња со цел да ги изгуби вишокот килограми добиени за време на бременоста. Процесот е едноставен, кашестата храна лесно се вари, а големината на порциите гарантира дека нема да се прејадете.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.