Внимавајте на знаците: Овие знакови укажуваат дека на вашиот организам му недостига магнезиум

Здравје

Магнезиумот е еден од најважните минерали во нашето тело.

Сите наши витални органи бараат магнезиум за правилно функционирање, а без него нашето тело не би можело да се развива правилно.

Според истражувањата, недостатокот на магнезиум може да доведе до сериозни медицински нарушувања како што се остеопороза, дијабетес тип 2 и кардиоваскуларни заболувања. Овие знаци ќе укажуваат на недостаток на магнезиум во вашето тело и дека треба да преземете нешто.

Мускулни грчеви

Недостатокот на магнезиум предизвикува грчеви во мускулите. Магнезиумот е минерал кој им овозможува на нашите мускули да се релаксираат. Кога на нашето тело му недостига магнезиум, почнуваме да имаме проблеми со мускулите, чувствуваме чести грчеви или мускулни грчеви, понекогаш имаме и тикови на мускулите на лицето. Во екстремни ситуации, спазмите може да доведат до хронична несоница.

Неправилни контракции на срцето

Недостатокот на магнезиум може да има негативно влијание и на срцевиот мускул. Бидејќи овој минерал овозможува правилни контракции на срцевите мускули, неговиот недостаток може да доведе до срцева аритмија, што ја зголемува можноста за срцев удар, како и мозочен удар.

Депресија и лошо расположение

Пред повеќе од еден век, лек за депресија беше магнезиумот. Пред повеќе од еден век, вообичаено беше докторите да препишуваат магнезиум на пациенти кои страдаат од депресија. Денес, врската помеѓу недостатокот на магнезиум и лошото расположение е заборавена, иако многу студии имаат тенденција повторно да ја воспостават.

Непријатно ѕвонење во ушите

Тинитус е медицински термин за зуење во ушите. Иако тинитус често е предизвикан од инфекции, тој може да биде предизвикан и од внесување на премалку магнезиум во телото. Затоа, доколку имате такви проблеми, обидете се да ја зголемите дозата на магнезиум што ја внесувате секојдневно и проверете дали тоа го прекинало непријатното зуење во ушите.

Камен во бубрегот

Повеќето луѓе веруваат дека добивањето камења во бубрезите е предизвикано од недостаток на калциум. Сепак, неодамнешните истражувања имаат тенденција да покажат дека недостатокот на магнезиум исто така може да биде причина за оваа болест. Затоа конзумирањето на храна богата со магнезиум може да ја излечи оваа болест.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.