Луѓето кои се однесуваат вака не заболуваат од рак: Тврди онкологот Дејвид Агус!

Одлични совети

Познатиот онколог Дејвид Агус, шеф на одделението за рак и молекуларна медицина во Калифорнија, дава вредни совети за здрав начин на живот

Ден без движење е еднаков на испушена кутија цигари

Физичката активност го продолжува животот, а седечкиот начин на живот го зголемува ризикот од развој на васкуларни и срцеви болести, рак и други опасни состојби. Ако човек седи 6 часа без да се помрдне, тогаш на своето тело му ја нанесува истата штета како кога би испушил цела кутија цигари во денот. За да си го подобрите здравјето, не морате да се исцрпувате со напорни вежби, доволно е само мирно да шетате навечер пред спиење, да се качувате по скали наместо со лифт и слично. Физичката активност треба да биде умерена за да ви биде пријатна.

Внимавајте на вашиот притисок и пулс

Лекарите советуваат редовно да ги мерите притисокот, отчукувањето на срцето и да ги следите нивоата на холестерол и глукоза во крвта. Во присуство на хронични болести, неопходно е да се грижите за вашето здравје со особена одговорност. На лицата од 18 до 30 години им се препорачува еднаш годишно детално да се прегледуваат, а на оние постари од 40 години, да одат на доктор два пати годишно. Доколку имате проблеми со притисокот, два пати дневно мерете ги пулсот и притисокот околу 10 дена и потоа одете на доктор со деталниот извештај.

Јадете правилно и вкусно

Сите знаеме каква штета можеме да си нанесеме јадејќи лоша храна. Треба да одбегнуваме преработена храна. Треба да бидеме внимателни со свежо цедените сокови – тие не содржат толку влакна колку свежото овошје, освен тоа, содржат многу брзи јаглехидрати. Истото важи за блендираното овошје и зеленчук: помалку се троши на варење, додека нивото на глукоза расте.

Подобро е да ги одбегнете грицките и да јадете 3 пати дневно, тоа ги намалува ризикот од дијабетес. Но постојат исклучоци. Фракциската исхрана може да биде добра во случај на дигестивни болести. Поддржувачите на фракциска исхрана, сметаат дека ако не јадете често, гладот се зголемува и може да изедете многу повеќе за појадок, ручек или вечера.

Но експертите за метаболизам објаснуваат дека три оброка дневно се сосема доволни за просечен човек, ако нема прекумерна тежина. А ако се бори со прекумерна тежина, советот е да го намали бројот на внесени калории.

Исхраната мора да биде богата со свежо овошје и зеленчук, бидејќи тие содржат неопходни минерали и витамини. Вештачките витамини треба да ги исклучите од исхраната, бидејќи науката ги нема потврдено нивните корисни својства. Оптималната исхрана, ако сакате да ослабите е медитеранската, што значи да јадете житарки, овошје, зеленчук, риба и маслиново масло.

Што се однесува до месото, се советува да јадете говедско неколку пати неделно. Што се однесува до алкохолот, дозволена е само една чаша суво вино со вечерата.

Рутината е добра и внимавајте секој ден да ја одржувате рутината. Јадете секој ден во исто време и во исто време одете на спиење. Отфрлете ги лошите навики, ако пушите, не преминувајте на електронски цигари, бидејќи тие може да бидат опасни. Одвојте време за одмор и релаксација.

Задолжително одете на систематски преглед еднаш годишно.

Онколог го дал наједноставниот совет: Еве како може да ја спречите појавата на рак!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.