KОРОНАВИРУСОТ сепак „избира“? ЗОШТО МАЖИТЕ СЕ ПОЗАГРОЗЕНИ ОД ЖЕНИТЕ?

Kого најмногу „напаѓа“, зошто е некој побезбеден, а некој позагрозен?

Kого најмногу „напаѓа“, зошто е некој побезбеден, а некој позагрозен?

Според најновите информации, со коронавирус заразени се повеќе 145 илјади луѓе, 5.500 починаа, а 73 илјади се излечија. Најмногу жртви има во Кина, каде што почна оваа заразна болест, а моментално најаларматна ситуација е во Италија каде што има повеќе 17 илјади заразени и преку 1.000 смртни случаи.

Кој е најзагрозен, а кого овие вируси го „заобиколуваат“, е тема на која доста се полемизира. Факт е дека мажите, жените и децата еднакво често се инфицираат со вирусот. Разликата е во последиците.
Според прогнозите на Кристијан Дорстен, главен вирусолог од берлинската клиника Charité, епидемијата нема да ја снема со доаѓањето на потоплото време. Неговата проценка е дека доколку државите не преземат драстични мерки, една третина од светската популација ќе се зарази со корона, ама верува дека во најголем број случаевите ќе бидат со благи инфекции.
Најзагрозени и понатаму ќе бидат постарите луѓе, особено оние со хронични заболувања, и старосни години од 65 години па нагоре.
Според анализата која Светската здравствена организација (SZO) ја спроведе во Кина, најзагрозени се старите луѓе со болести на срцето, крвните садови и вени, дијабетичарите, оние со зголемен крвен притисок, хронично заболените со дишните патишта и луѓе со малигнитет.

 

ЗОШТО МАЖИТЕ СЕ ПОЗАГРОЗЕНИ ОД ЖЕНИТЕ?

Според наодите на SZO, мажите многу почесто заболуваат од коронавирус отколку жените, што покажуват статистиките во Кина. Смртноста меѓу мажите во средина на јануари била 2,8 проценти, а меѓу жените 1.7 проценти.
Слично било и во 2003 за време на епидемијата САРС во Хонг Конг, а припадниците на посилниот пол почесто заболуваат и од грип во споредба со жените покажуваат статистиките.
Зошто е тоа така? Едноставно, жените имаат посилен имунитет и тоа благодарејќи на естрогенот. Овој женски хормон го потикнува работењето на имунолошкиот систем и силно делува против инфекции. Од друга страна машкиот хормон тестостерон го блокира имунолошкиот систем.

Освен тоа, и генетиката игра улога. Германски молекуларен биолог вели дека гените кои се релевантни за имунолошката состојба на организмите, кои се одговорни за откривање на болестите кодирани се на Х-хромозомот. Бидејќи жените имаат два х-хромозоми, а мажите само еден, јасно е на чија страна е предноста.

Ништо помалку важни не се и начинот на живот измеѓу мажите и жените. Не е тајна дека мажите живеат понездраво од своите поубави половини. Помалку грижа водат за хигиената, а и поголемиот број на пушачи во светот се мажите, а белите дробови на пушачите се поосетливи на вируси.

А зошто децата поретко се инфицираат?

Иако на почетокот се мислеше дека децата не може да се заразат со корона вирус, праксата покажа дека може. И тие се носители на вирусот ама кај нив нема големи компликации. Зошто е тоа така? Научно објаснување се уште не постои. Докторите сметаат дека кај децата делува таканаречен вграден „неспецифичен состав“.

Заштита од првите вируси се добива уште во фаза на фетусот, а се продолжува со раѓањето и доењето со мајчиното млеко. Оваа „пасивна имунизација“ е вообичаено доволна за период додека детето не развие имунитет во полна мера, што се случува најчесто до 10 година од животот.

ФОТО: GETTY IMAGES

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.