Има некоја „тајна“ врска: Менструалниот циклус и расположението

Дали сте размислувале во колкава мера хормоните управуваат со нашите мисли, чувства и однесување? Ако добро го познаваме својот циклус, можеме да ги искористиме природните флуктуации на нивото на хормоните за да се справиме поуспешно со секојдневните ситуации.

1-5 ДЕН: МЕНСТРУАЦИЈА. Нивоата на трите главни хормона (естроген, прогестерон и тестостерон) се максимално избалансирани, а покачените простагландини придонесуваат за појава на грчеви и засилена чувствителност. Затоа помалку работете, а повеќе спијте!

6-14 ДЕН: ВЛАДЕЕЊЕ НА ЕСТРОГЕНОТ. Организмот се подготвува за овулација, а покаченото ниво на естрогените влијае врз менталните функции. Покрај тоа, скока и тестостеронот, што го зголемува либидото, но и желбата за социјални контакти и комуникација. Во овој период побарајте покачување на платата, водете важни разговори или излезете на кафе со некој што ви се допаѓа.

15-21 ДЕН: ПОПЛАВА НА ПРОГЕСТЕРОНОТ. Благодарение на покаченото ниво на прогестерон, во овој период сте порелаксирани, поконцентрирани и во рамнотежа. Ова е одлична недела за важен деловен проект, за постигнување на фитнес-целта, за преуредување на станот…

22-28 ДЕН: ХОРМОНАЛНО ЗАТИШЈЕ (ПМС). Нивото на прогестеронот опаѓа и пораздразливи сте. Ако во овој период мора да завршите повеќе задачи на дневно ниво, направете список и користете го како потсетник.

Текст: Наташа Човиновска

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.