Брза помош и вистински благодат за кожата – невен

Совет од дерматолог

Едноставната билка невен е вистинско богатство за викендашите и за луѓето што имаат двор.

Во бавчите ја штити земјата од зараза, спречувајќи развој на габични оштетувања. А на сопственичките на викендички (и на сите што лете престојуваат надвор, било да е тоа шума, парк или двор) им помага во случај на гребаници, воспаленија и рани, благодарение на противвоспалителното и антисептичното дејство.

Накратко – најдобар мелем за кожата.

ТИНКТУРА

Лажица иситнети суви цветови од невен прелејте со 150 мл вотка. Оставете го тоа да отстои една недела на темно место. Исцедете го и користите го за облоги, разблажувајќи една лажица од средството во чаша вода.

МАСТ

Суви цветови од невен сомелете во прав во мелница за кафе. Сто грама свинска маст растопете на водена пареа. Измешајте маст и две-три лажици прав. Грејте го тоа на водена пареа еден час. Потоа исцедете го и отворено оставете го да се олади. Чувајте го во стаклена тегла во фрижидер. Маста вадете ја исклучиво со сува дрвена лажица.

МАСЛО

Цветовите од невен, собрани во текот на суво време, исушете ги и ставете ги во тегла. Наполнете ја речиси до врвот, не притискајќи ги премногу. До врвот прелејте со топло билно масло. Целата тегла држете ја на водена пареа еден час. Потоа оставете една недела да отстои на темно место. Исцедете го и чувајте го во фрижидер.

Советува: д-р Елена Зјаброва, дерматолог

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.