Страдате од анемија? Подобрете ја апсорпцијата на носачот на кислородот во организмот!

Еве како!

Исцрпени сте, бледи и лесно останувате без воздух? Можеби сега е време да ја направите вашата крвна анализа и да откриете дали страдате од недостаток на железо во крвта.

Железото е есенцијално за сите клетки во организмот. Неговата примарна функција е да биде носител на кислородот во телото, како дел од хемоглобинот во крвта и дел од миоглобинот во мускулите.

Анемија заради недостиг на железо се добива кога нема доволно железо во црвените крвни клетки. Ова е чест проблем, предизвикан за време на бременост, губење на крв и исхрана со ниско количество на железо.

Многу различни симптоми се добиваат при недостаток на железо во организмот:

Недостаток на енергија и замор

Вртоглавица

Главоболка

Бледило околу очите, внатрешноста на устата и ноктите

Брзо и јако чукање на срцето

Низок крвен притисок

Тенки, кршливи и бели нокти – можат да имаат забрзан раст и да се во форма на лажица

Воспален, мазен и зацрвенет јазик

Намален апетит

Престанок на здив при физичка активност

Кршлива коса

Намален имунитет и склоност кон инфекции

Силна потреба да се јаде мраз, боја или нечистотија

Нарушен сон

Болки во абдомен

Потребно е да се направи крвна анализа за да се потврди дека имате анемија заради недостаток од железо.

Доколку имате ниско железо во крвта ќе треба да го зголемите внесот на храна богата со железо, како и да примате суплементи со железо и мултивитамини. Генерално, железото не се апсорбира лесно во телото. Расположливоста за апсорбирање е одредена во зависност дали железото е во форма на хем-железо или нехем-железо.

Хем-железото се наоѓа само во месо, риба и живина и се апсорбира многу полесно во организмот за разлика од нехем-железото, кој го има во овошје, зеленчук, легуминози, јатки и семиња.

За подобро апсорбирање на нехем-железото од храна од растително потекло влијаат следниве фактори:

· Да се консумира таа храна со храна со добар извор на витамин Ц (аскорбинска киселина), на пример портокал, цитрон, домат, брокула, јагоди и др.

· Да се консумира храна која содржи хем железо и нехем железо заедно

· Храната која содржи нехем железо да се готви во садови од леено железо.

Врз намалувањето на апсорпцијата на нехем-железото влијаат следниве фактори:

· Внесување на големи количества на чај или кафе при консумирање на оброк (полифенолите го врзуваат железото)

· Внесување на вишок диетални влакна (фитатите ја инхибираат апсорпцијата)

· Голем внес на калциум – земајте го суплементот со калциум во различно време од оброкот или од суплементот со железо.

Подобрете ја апсорпцијата на железото

* Покрај храна богата со железо, јадете намирници што содржат витамин Ц, бидејќи со тоа ќе ја поттикнете апсорпцијата на железото во организмот.

* Чајот и кафето содржат полифеноли, кои можат да го врзуваат железото, што го отежнува неговото апсорбирање.

* Калциумот исто така ја попречува апсорпцијата на железото, па избегнувајте храна богата со калциум (млеко и млечни производи) половина час претходно или откако ќе изедете храна што содржи железо.

* Гответе ја храната во садови од леено железо. Киселината што се наоѓа во намирниците изгледа го извлекува железото од овие садови.

Текст: Убавина и здравје

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.