Симптоми на коронавирус – Како да го разликувате од обичниот грип?!

Период на инкубација – од зараза до првите симптоми

Симптомите на коронавирусот се една од главните теми во светот! Во продолжение прочитајте како да го разликувате од обичниот грип…

Вирусот може да предизвика благи симптоми слични на грип како:

– зголемена телесна температура
– кашлање
– отежнато дишење
– болки во мускулите
– замор

Кај потешките случаи, се наведува дека се јавува тешко воспаление на белите дробови, синдром на акутно отежнување на дишењето, сепса и септички шок кои можат да предизвикат смрт кај пациентот.

Лицата кои боледуваат од хронични болести се подложни на потешки облици на болеста.

Коронавирусот обично почнува со треска, потоа следи сува кашлица, а доколку по неколку недели дојде до губење на здив, потоа на пациентите им е потребно лечење во болница.

Уште некои симптоми кои се наведуваат се главоболка, кивање, кашлица, снемување на здив и потешкотии со дишењето.

Кога станува за температурата, кај коронавирусот најчесто доаѓа до нејзин постепен раст и тука лежи клучната разлика – кај грипот температурата расте нагло.

Кај лицата со послаб имунитет и кај постарите луѓе постои можност коронавирусот да ги зафати долните дишни органи, па може да се развие воспаление на белите дробови или бронхитис.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.