Во една држава е најмала стапката на смртност од корона вирусот: Сите се прашуваат како е тоа можно, а ова е одговорот

Германија најдобро се бори против корона вирусот – до денес се забележани 22 500 заболени пациенти, а само 70 смртни случаеви и преку 200 излечени пациенти, пренесува Дејли мејл

Оваа земја има значително пониска смртност од корона вирусот во однос на Италија, Кина, Велика Британија или Франција, покажува анализата на агенцијата за контрола на болести институтот “Роберт Кох“

Германија има 25.000 кревети за пациенти со респираторни проблеми на интезивно лекување, што значи дека пациетнитте имаат можност брзо да се опорават. 

И покрај оваа бројка на респиратори кои ги има владата на Германија во наредниот период го дуплира бројот на кревети во интезивните оддели, за да не се случи болниците да им станат “преплавени“ од пациенти.  Германија за споредна е подобро опремена од своите соседи. За споредба Франција има околу 7000 кревети за интезивна нега, Италија 5000, а Велика Британија 4.000.

Во Германија истотака се праваат многубројни рани тестирања на вирусот во огромна мрежа на независни лаборатории.

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.