Комбинација на лек против маларија и антибиотик ефикасна ВО ЛЕЧЕЊЕТО НА КОРОНАТА

Кинеските и француските доктори тврдат дека комбинација од хидроксихлорохин и азитромицин е ефикасна во борбата против корона вирусот. Доналд Трамп сака со тоа да ги лечи Американците, а сеуште во повеќето држави меѓукои и во нашата тоа не е препорачано.  Сепак на последната пресс конференција која вчера ја оддржа министерот Филипче изјави дека :

Министерството за здравство во соработка со Фармацевтскиот факултет ги разгледувало стручните трудови според кои добро дејство во лекувањето даваат лекови кои се користеле против маларија, и оти ако се покаже дека тие навистина даваат некаков ефект ќе бидат набавени.

 

Инаку веста од експертите дека оваа комбинација на лекови хидроксихлорохин, со кој се лечат заболените од маларија и антибиотикот азитромицин, кој се користи за лекување на дишните патишта и меките ткива може во 100 проценти од случаевите да ги излечи луѓето заболени од корона вирусот одекна како бомба на целата планета. 

Угледниот професор Др. Миодраг Стојковиќ, генетичар кој моментално работи на Харвард, на твитер напиша

-“После кинеските и научниците од Франција тврдат дека лекот против маларија hydroxychloroquine кај 70 проценти од пациентите заболени од ковид – 19 доведува до излекување – после шест дена терапија, а кај пациентите кои дополнително се третираат и со антибиотикот azithromycin успешноста е 100 проценти“, напиша Стојковиќ

За лекот хидроксихлорохин, кој Трамп го прогласи за моќен во леќењето на корона вирусот, стигнуваат предупредувања од Кина дека во поголема доза може да убие човек, објави Блумберг. 

Францускиот и светскиот инфектолог од универзитетот во Марсеј, проф Didje Raul истакна дека неговите испитувања покажале дека лекот хлорохин се покажал делотворен во лечењето на вирусот. Тој навел дека клиничкото испитување на лекот “плаквенил“, кој е главна состојка на хлорохинот, покажал дека од 24 луѓе заразени со вирусот кои го користеле лекот 18 сосема се излечиле. Францускиот министер за здравство истовремено соопшти дека одобрува “клинички испитувања за лекот пред политичките власти да донесат одлука за одобрување на истиот во лечењето на инфекцијата“.

И американската агенција за храна и лекови (FDA), започна темелно испитување на влијанието на хидроксихлорохинот во лечењето на кора вирусот.

Антибиотикот азитромицин се употребува за лечење на крајниците, синусите, хроничен бронхитис, воспаление на белите дробови … Истиот лек се користи и кога се во прашање инфекции на кожата и меките ткива, но и за лечење на полови преносливи болести.

.Photo> Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.