ТЕСТИРАЈТЕ го вашето знаење за заштита од сонцето и спречете меланом

Дамките на лицето (и на телото) се безопасни – но не и меланомот! Научете како да ја препознаете суштинската разлика меѓу овие две појави и на кој начин да ја заштитите кожата од сонцето.

Точни одговори:

Проверете си го знаењето

1 ТОЧНО. Сепак, разликите се минорни. СПФ 15, 30 и 50 блокираат 93%, односно 97 и 98% сончеви зраци. Изберете препарат со СПФ 30+, нанесувајте го на секои два часа, како и по пливање и физички активности. Ако не го користите СПФ-препаратот правилно, неговата ефикасност се намалува.

2 Б СПФ го блокира само дејството на УВБ-зраците, кои предизвикуваат изгореници од сонце. За да се заштитите и од дејството на УВА-зраците, кои го забрзуваат стареењето на кожата, мора да употребувате препарат со широк спектар на дејство.

3 Б Една австралиска студија покажа дека трудниците се изложени петпати на поголем ризик да заболат од смртоносен облик на рак на кожа од жените помлади од 50 години што не се бремени. Сепак, не паничете, станува збор за резултати од прелиминарна студија. Ако сте бремени, закажете преглед кај дерматолог и користете СПФ-препарат со цинк-оксид или со титаниум-оксид, кои се идеални за осетлива кожа.

4 НЕТОЧНО Околу 33% од вкупниот животен ризик од појава на меланом, поради изложување на сонце, се манифестира во детството и во адолесценцијата. Се проценува дека 50% од вкупното изложување на УВ-зраци до 60-та година се манифестираат пред 20-та година од животот. Сепак, соодветна заштита од сонце е неопходна до крајот на животот.

5 А РАКАТА Судејќи по истражувањето на британските научници, присуство на повеќе од 11 бенки на раката укажува на 100 (или повеќе) бенки на телото. Колку е поголем бројот на бенките, толку е поголем и ризикот од појава на меланом.

6 ЗАВИСИ Балсамот за усни, дури и да содржи СПФ, може да ги привлече сончевите зраци. Мат-кармини со титаниум-диоксид даваат поголема заштита од сонце. Најдобро е да користите балсам за усни со СПФ со широк спектар.

7 Б Експертите препорачуваат половина лажиче СПФ-препарат за оптимално покривање на лицето. Бидете внимателни при нанесувањето и не излегувајте на сонце додека кожата го впие препаратот!

Зошто е важно да се избере заштита од сонце која, покрај УВА и УВБ-филтри, содржи и заштита од инфрацрвени зраци?

Инфрацрвените зраци се четирипати поштетни и посилни од УВА и УВБ-зраците заедно. Тие директно ја оштетуваат ДНК во клетките на кожата, па го зголемуваат и ризикот од појава на канцер на кожа. Доволно е само еднаш во две години да изгорите годишно за да се зголеми ризикот трократно (бидејќи кожата помни сè).

Затоа е многу важно да изберете заштита од сонце која, покрај УВА и УВБ-филтри, содржи и заштита од инфрацрвено зрачење, како за зрелата кожа на возрасните, така и за детската кожа, чија заштита мора да биде уште подоследна.

Текст: Б. Стојменовиќ

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.