Прополис со путер – природен антибиотик

Ја уништува дури и мембраната на туберкулозниот бацил

Најважен услов за успешно лекување е позитивно размислување и верба за оздравување!

Повеќето Руси сметаат дека природата е најдобриот лекар. Природните препарати му се блиски на нашиот организам и имаат минимум несакани ефекти. И самата се уверив во тоа…

Од детството имам слаби бронхии, и кога веќе не знаев што значи да се „врзат“ два месеца без антибиотици, одлучив да се свртам кон народната медицина. Читав многу литература и одлучив да спроведам системски начин на лекување на бронхиите.

Така го излечив бронхитисот без таблети, како и хроничната долготрајна кашлица. Би сакала да ги споделам со вашите читатели моето искуство и рецептите:

* Белите дробови сакаат „маст“, затоа исхраната треба да биде масна и калорична.

* Прополисот е природен антибиотик, ја уништува дури и мембраната на туберкулозниот бацил. Маслото од прополис се прави на следниот начин: иситнете 20 г прополис, додајте 200 г квалитетен путер, растопете го на пареа, но не смее да врие! По 20 минути, кога прополисот ќе се раствори во путерот и тој ќе позелени, тргнете го од огнот, исцедете го, па сипете го во тегла. Чувајте го во фрижидер.

Земајте по едно лажиче трипати на ден, 30 минути пред јадење, додека го изедете цело. Според тоа како ќе се чувствувате, сами ќе оцените дали треба да продолжите со лекувањето откако ќе го изедете ова количество.

* Во случај на акутни респираторни заболувања за јакнење на имунитетот и за превенција од вирусна инфекција е ефикасна напивка од лимон: исцедете сок од три лимона, четири чешниња лук, додајте два литра оладена превриена вода и мед по желба (три-четири лажици).

Пијте превентивно по половина чаша наутро на празен стомак, секој ден, наесен и напролет. За време на грип и акутни респираторни инфекции пијте го наместо течности. Контраиндикации: гастритис, чир на желудникот.

* Бањи со синап секој втор ден: на една када оди една чаша сув синап, претходно помешан со топла вода. Третманот подразбира од осум до десет процедури. Контраиндикации: кожни заболувања.

* Во чаша сок од изрендана црна ротквичка додајте 200 г мед, промешајте, па пијте по две лажици наутро и навечер пред јадење.

* Доколку не сте алергични на билки, можете да применувате фитотерапија за исфрлање шлајм и против кашлица. Може да се користат препарати од ледум (лат. Ledum palustre, буника), жалфија, ајдучка трева, темјанушка, нане, маточина, како и сируп од сладок корен.

* Екстракт од листови од бршлен го разредува шлајмот, го поттикнува неговото исфрлање и ги шири бронхиите (може да го користат децата од првите денови).

* Вежби за дишење по избор, а особено помагаат вежбите „бодифлекс“. Ги практикував еден месец. Бронхиите одлично се исчистија од шлајмот. Еве како изгледа тоа:

1. Издишување. Ослободете се од воздухот во белите дробови. Додека испуштате воздух, вовлекувајте го стомакот.

2. Вдишување. По издишувањето, затворете ја устата и нагло вдишете низ носот додека почувствувате дека нема веќе место за кислород во белите дробови. Правете го ова брзо. Ваквото вдишување ќе биде малку бучно, тоа е нормално.

3. Издишување. Кога ќе ги наполните белите дробови со воздух, подигнете ја главата и нагло издишете го целиот воздух. Работете со дијафрагмата. Ако правите исправно, би требало да звучи како зборот „ПАХ“. Доколку почувствувате потреба за кашлање, тоа е нормално. Таквото издишување треба да се извежба.

4. Задржување на здивот. Потоа, кога ќе го вдишете целиот воздух, задржете го здивот од осум до десет секунди. За тоа време вовлечете го стомакот, почнувајќи одозгора па надолу, како да правите бран. Ова е полесно да се прави кога главата е свртена надолу.

5. Вдишување.  Вдишете и опуштете ги стомачните мускули.

Контраиндикации: бременост, хипертензија, нарушување на срцевиот ритам, постоперативни состојби, треска, акутни инфекции.

* Најважен услов за успешно лекување е позитивно размислување и верба за оздравување!

Текст: Лариса Шербакова од Омск за „Руски доктор“

Фото: Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.