Предизвикува компликации: Опасности од желудочна кашлица

Кога се јавува и зошто?

За жал, пулмологот нема да помогне, бидејќи основниот проблем е во дигестивниот тракт. Имено, поради прекумерно производство на желудочен сок, тој преку хранопроводот стигнува до усната празнина и го надразнува грлото…

Кашлицата е симптом што е невозможно да се игнорира. Но тоа не е секогаш знак на настинка. Погрешно е да се набљудува само како дел од акутна респираторна вирусна инфекција. Традиционално се верува дека кашлица се јавува при болести на дишните органи, на пример бронхитис, пневмонија, астма… Всушност, кашлицата може да биде симптом на срцеви заболувања, стрес, алергии, болести на дигестивниот тракт – хранопроводот и желудникот.

Видови кашлица

Во случај на срцева инсуфициенција, т.е. кога срцето не работи како моќна пумпа, доаѓа до застој на крвта во белите дробови, па кај болниот човек при одење или лежење (на грб) се појавува срцева кашлица – сува или со малку слуз. Срцевата астма се јавува во тешки ситуации, кога дишењето нагло се влошува и може да дојде до задушување. При заболувања на дишните органи речиси секогаш се јавуваат и други симптоми: кивање, рапав глас, покачена температура, исфрлање слуз при кашлање, недостиг од воздух (задишаност), болка во градите при дишење.

Кога се јавува кашлица во случај на заболувања на дигестивниот тракт и зошто?
При прекумерното создавање желудочен сок и негово достигнување до хранопроводот, хлороводородната киселина ја иритира неговата слузокожа, рефлексно доаѓа до опуштање на горниот сфинктер, па желудочниот сок стигнува до усната празнина. Тоа предизвикува иритација на хеморецепторите, а самата кашлица, по правило, е сува или со помало количество плунка.

Желудочната кашлица е карактеристична за рефлуксен езофагитис (воспаление на хранопроводот) и гастритис со зголемена киселост. Постојат низа причини поради кои може да се манифестира оваа кашлица, а најчесто се јавува при обилна употреба на одредена храна – пржена, зачинета, мрсна. Желудочната кашлица е придружена со следниве симптоми:

* слабост;

* потење;

* чувство на пецкање зад градната коска и ждригавица;

* мачнина (непријатни чувства на преполнетост со храна или со воздух);

* подригнување.

Во случај на вакви симптоми,треба да се консултирате се со лекар.

Опасности од желудочната кашлица

Иако не ги „напаѓа“ директно белите дробови, треба да запомните дека и желудочната кашлица предизвикува компликации. Тие вклучуваат:

* нарушување на забната глеѓ и кариес;

* несоница;

* невроза и сонливост;

* хипертензија со компликации.

Желудочната кашлица е многу честа појава во современото општество поради нарушениот режим на исхрана (брза храна, јадење во движење), но може ефикасно да се лекува. Тогаш јадењето не само што ќе биде пријатно туку ќе биде и корисно, а кашлицата ќе престане да ве мачи.

Како се лекува желудочната кашлица

По оставената дијагноза, лекарот ќе ве испрати на потребните испитувања: анализа на крвта (општа и биохемиска), 24-часовна гастрична pH-метрија и фиброгастроскопија (по потреба).

При појава на желудочна кашлица, ќе треба да се храните поинаку:

* чести оброци во помали порции (200-300 г);

* варени јадења или јадења приготвени на пареа;

* да ги исфрлете силните чаеви и кафето, ментол-бонбоните, мајонезот и другите зачинети сосови и преливи.

По јадењето, не смеете веднаш да легнете. Покрај тоа, неопходно е да ја нормализирате тежината и да се откажете од пушењето и од алкохолот. Лекарот исто така може да ви пропише лекови што влијаат на лачењето на желудочниот сок и прокинетиката, кои го подобруваат движењето на храната низ дигестивниот тракт одозгора надолу. Во тешки случаи, на пр. во случај на лизгачки езофагеални хернии или неефикасност на терапијата со лекови, се прибегнува кон хируршки третман.

НАРОДНИ ЛЕКОВИ ПРОТИВ РЕФЛУКС

* Се препорачува употреба на сода бикарбона. Тоа е алкална база што реагира со хлороводородна киселина. Треба да се има предвид дека содата бикарбона има деструктивно дејство на ѕидовите на желудникот, па затоа е дозволено да се користи за контрола на ждригавица најмногу еднаш неделно. Третина од лажичка сода бикарбона разредете во 100 мл топла вода и испијте.

* Соковите од зеленчук се сметаат за побезбеден и не помалку ефикасен лек за намалување на киселоста на желудочниот секрет. Таквите пијалаци имаат нежни алкални својства. Можете да пиете свеж сок од цвекло, компири или од моркови. Измиениот и излупен зеленчук изрендајте го ситно и процедете го низ два слоја газа. Добиениот сок разредете го со вода во сооднос 1: 1. Пијте една третина од чашата со оброците, три-четири пати на ден.

* Лекувањето на рефлуксот со ленено семе нема целосно да ја елиминира болеста, но значително ќе ги намали нејзините манифестации. За да добиете вискозен раствор, две лажици сурово ленено семе прелејте со 500 мл врела вода. Покријте го и по 20 минути ладење, добиеното желе филтрирајте го низ газа. Две недели земајте помеѓу оброците – трипати дневно.

* Симптомите на рефлуксниот езофагитис се ублажуваат со овесни зрна. Истурете 700 мл врела вода врз чаша суровина. За подобар терапевтски ефект, во одварот додајте корка од ‘ржан леб. Оставете да отстои покриено еден ден, а потоа процедете. За подобар вкус на пијалакот, можете да додадете мед или бобинки. Земајте трипати на ден помеѓу оброците. Третманот трае две недели.

Советува: д-р Азижон Аскаров, интернист и кардиолог 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.