Познатата актерка боледува од рак што ги „коси“ луѓето ширум светот: Сите ги занемаруваат овие подмолни знаци!

Еве зошто доаѓа до фатален исход

Кејт Микучи го шокира светот со признанието дека ѝ е дијагностициран рак на белите дробови, но добрата вест е што болеста е откриена во рана фаза, а тоа е пресудно за успешно лекување

Актерката Кејт Микучи, ѕвездата од ТВ-серијата „Бубалици“, ја растажила и загрижила јавноста, кога во саботата објавила дека боледува од рак на белите дробови. Со оглед на тоа што станува збор за многу опасна дијагноза, таа веќе започнала со процесот на лекување, а бидејќи бил откриен во рана фаза, сите прогнози се многу оптимистични, па таа се надева дека што побрзо ќе се врати на малите екрани.

„Здраво на сите, ова не е ТикТок, ова е ‘Сик Ток’. Во болница сум, вчера го оперирав ракот на белите дробови со којшто се борам. Многу рано беше дијагностициран. Чудно е што се разболев, бидејќи никогаш во животот немам запалено цигара, па тоа навистина ме изненади“, рекла актерката и открила како дознала дека има карцином:

„Во мојата крвна анализа едно нешто се покажа како многу високо… Тоа беше HCRP… Не бев сигурна што е тоа точно, но претпоставував дека би можело да биде некој вид на воспаление. Започнаа анализите, ги снимав срцето и белите дробови и така го открија“, раскажала Кејт, која веќе е оперирана, па сега успешно закрепнува од интервенцијата.

@katiemicucci An update on what I’ve been up to. 🫁 #sicktok #hospital #imokay #solucky #sendinglove ♬ original sound – Katemicucci


Симпатичната комичарка има тригодишен син со сопругот Џејк Синклер, инаку познат музичар, кој пишувал песни и продуцирал за артисти како Тејлор Свифт.

Инаку, сè почесто заболуваат луѓе од карцином на белите дробови, а некои типови се многу подмолни и во повеќето случаи се откриваат во доцните фази, што доведува до висок степен на смртност.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kate Micucci (@katemicucci)

Затоа, многу е важно никогаш да не се игнорираат симптомите кои знаат да бидат многу подмолни, особено во првата фаза на болеста, а тоа се:

  • снемување здив при извршување секојдневни обврски
  • упорна кашлица што не престанува ни по три седмици
  • искашлување крв
  • губење апетит
  • слабост
  • губење телесна тежина
  • болка во рамениците, градите или грбот
  • снемување глас

Исто така, сите симптоми можат да бидат проследени со бронхитис или пневмонија.

Ова е јасен сигнал дека во телото се развива рак на белите дробови: Никако не ја игнорирајте оваа промена на телото!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.