Неверојатно моќна билка: Разбива камен во бубрег, ги топи маснотиите и максимално го зајакнува имунитетот!

Природен лек

Природата ги крие најдобрите лекови и решенија за многу проблеми

Еден таков моќен лек е белиот слез. Чајот од оваа билка прави чуда за организмот и затоа со децении се користи во традиционалната медицина.
Белиот слез е повеќегодишна ароматична билка која расте во влажните предели на Европа, Африка и западна Азија.

Чајот од бел слез содржи многу лековити својства и може да помогне во лекувањето разни болести. Листовите на бел слез содржат етерични масла, танин, феноли и слуз, додека во коренот на белиот слез се наоѓаат и кверцетини, авоноиди и шеќери.

Најефикасен е во лекувањето уринарни инфекции и разбивањето камен во бубрег. Благодарение на своите антиоксидативни својства, чајот од бел слез е добар за зајакнување на имунитетот и за борба против вируси и бактерии.

Исто така, ја ублажува болката во грлото, иритациите и воспаленијата на слузокожата на усната празнина. Со оглед на тоа што содржи голема количина на растителна слуз, чајот од бел слез е добар лек за сува кашлица и за други респираторни проблеми. Има способност да ја смири иритираната слузница и да го разгради секретот што предизвикува кашлање.

Исто така, овој чај е добар за варење и за лекување воспаленија на дигестивниот тракт. Чајот од бел слез ја регулира дигестијата и го забрзува метаболизмот. На тој начин, помага во симнувањето килограми и истовремено дава чувство на ситост.

Докажано е дека чајот од бел слез може да излечи и воспаление на слузокожата на желудникот, особено во комбинација со камилица. Исто така, може да лекува воспаление на дебелото црево, дијареја и повраќање.

Може да се користи и за надворешна употреба во вид на облоги, за лекување чирови на кожата, изгореници и иритирани очи.

Коренот на белиот слез е најлековитиот дел од билката, а најдобар чај се прави од корен на млада билка. По берењето, би требало да го излупите за да не го нападнат разни габички што ги уништуваат лековитите дејства. По лупењето се суши и дури тогаш е спремен за правење чај или сируп.

Приготвување чај:

Чајот од слез се приготвува и се пие поинаку од другите чаеви, бидејќи со погрешна примена се губат лековитите својства.

Ова е правилниот начин на приготвување:

Прелејте 2 лажици корен од бел слез со 2,5 дл млака или ладна вода и оставете го барем еден час, најдобро 2 часа, за да се создаде доволно слуз. Потоа, малку се загрева, се додава малку мед и се пие три пати на ден.

Против секоја болест постои оружје од природата: Збогум на кашлицата!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.