7 причини зошто е добро да се спие на левата страна

 

Телото за време на сонот и понатаму е активно-ја вари храната, ги брише вишокот на податоци, дише, крвта циркулира – накратко обновува се.
Според истражувањата колку тие процеси ќе бидат ефикасни зависи од положбата на телото за време на спиењето.
Спиењето на левата страна е златен стандард кога станува збор за положбата, а ние ќе ви откриеме седум причини зошто е тоа така.

ГО ПОДОБРУВА ВАРЕЊЕТО

Сигурно сте чуле дека не е добро да се јаде доцна навечер пред спиење зошто храната немало да ви свари убаво. Тоа не е точо варењето ќе продолжи и кога ќе спиете, но аако варењето ќе се одвива без разлика како спиеш, со спиењето на левата страна варењето ќе се одвива со помал напор.  Тоа е затоа што така на храната и се овозможува подобро да помине во дебелото црево. Се спречува притисокот и на панкреасот со што се овозможува подобар проток на ензимите за варење.

Помало оптоварување на срцето

Од почеток на своето постоење срцето мора да работи без престан, за да не оддржи во живот. Тоа е голема работа, а на него може да влијаат многу работи од тоа како се храниме, до каков воздух дишеме во околината. За да му ја олесниме работата на срцето спиеме на левата страна. Кога лежиме на лева страна срцето има помалку работа околу пумпање на срцето.

Ја олеснува болката во грбот

Чудната положба на телото при спиењето наутро е пропратено со болки во грбот и вратот. Ако ова ви се случува пречесто пробајте да спиете на левата страна на тој начин ќе ви се ублази стресот врз рбетниот столб. Циркулацијата истотака е подобра во оваа позиција што делува поволно на мускулите.

Го подобрува функционирањето на лимфниот систем

Стручните лица велат дека најголем број на жлезди на лимфниот систем се наожаат на левата страна од телото, а кога се спие на таа страна отпадот од телото се исфрла поефикасно.  Истотака лимфниот состав е задолжен за транспорт на маснотиите, протеините и другите важни работи за нашиот организам, а лежењето на левата страна на телото овозможувате овие хранливи ствари побрзо да стигнат до своите станици.

Го намалува интезитетот за ноќни ждригавици

Ако патите од ждригавици и киселини подобро е да спиете на левата страна бидејќи во таа позизција желудникот е сместен под срцевиот сфинктер, прстенаст мускул мускул чија задача му е да го стопира враќањето на содржината од желудникот во хранопроводот.

Се препорачува за трудници

Резултатите од истражувањата покажале дека жените кои спијат на грб имаат поголем ризик да го изгубат детето тој ризик е поголем околу 28 недела од бременоста. Авторката на истражувањето Лесли McCowan вели дек спиењето на левата страна од телото ризикот се намалува за 9 проценти.

Спречува рчење

Иако спиењето нема да ви ги реши причините за рчењето ќе го држат јазикот и грлото во неутрална положба, а дишните патишта ќе ги остави отворени.

foto> Unsplash

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.