Совршено за прв ден од летото: Тропските мотиви се апсолутен хит

Тропските мотиви во секоја гардероба ја носат потребната доза на освежување, а кога веќе не патуваме во тропските краишта зошто да не ја носиме на нашата облека? Може со детали, а може и од глава до пети.

Тропскиот принт е главна ѕвезда на летните колекции. Светли бои, мотиви на плажа, палми, лимони и ананас, ама и мешавина на флора и фауна доминира во летните колекции.

FOTO: VERSACE

Најпознат “претставник“ на тропскиот принт е хавајската кошула, карактеристична за сурферски стил, на која долги години се гледаше со потсмев, но луксузните модни куќи ги вклучија во своите модни колекции и ги претставија новите колекции кои секоај љубителка на модата ќе ги посака да ги има во својот ормар. Хавајскиот принт од кошулата се пресели и на гардеробата и од омразен принт ја доби титулата најпопуларен во летните денови. Освен на кошулата сега може да го најдеме и на фустаните, блузите, сакоата, костимите за капење…Едноставно тропскиот принт завладеа од глава до пети па дури имаме и обетки во облик на цреши , лимон, суптилни детали на палма на потпетици или копчиња на торбите …

 

FOTO: DOLCE&GABBANA

Италијанскиот бренд Версаче предлага комбинирање на сите нијанси на зелена и сина, додека пак  Giambattista Valli темноситнат  ја спојува со нијанси на зелено и жолто, со што го ублажуваат тропскиот впечаток но и понатаму даваат свежина која со себе ја носи тропскиот принт.

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.