Телото не го произведува овој витамин: Oва се 5 намирници кои морате да ги внесете во исхраната за да го надополните

Здравје

Вклучен е во помагање на имунолошките функции и правилниот проток на крвта.

Витамин Е е силен антиоксиданс и хранлива материја растворлива во мастите, што значи дека му е потребна маст за да се апсорбира.

Генерално, функционира како антиоксидант или корисен молекул кој се бори против слободните радикали.

Го поврзуваме со заштитата на кожата од оштетување од сонце и одржавање на колагенот, но овој нутриент е исто така, вклучен во помагање на имунолошките функции и правилниот проток на крвта.

Едноставно речено, витамин Е е важно за општото здравје.

Бидејќи телото не може да произведува сопствен витамин Е, мораме да го побараме во храната околу нас.

Среќа, се наоѓа во многубројни намирници, така што не е тешко да се постигне препорачаната количина од 15 милиграми дневно.

Извори на витамин Е:

Бадеми

Бадемите се едни од најголемите извори на витамин Е, а потоа следат лешниците.

Овие јаткасти плодови се исто така, сјајни извори на диеталните влакна и полинезаситените масти здрави за срцето.

Семки

Следниот пат кога ќе посакате нешто да грицкате, земете ги семките. Семките од сончоглед се посебно богати со витамин Е.

Овие семки исто така, можат да додадат вкус и текстура на бројни јадења, вклучувајќи ги овесните снегулки, јогурт, салати и супи, па на тој начин можете да ги вклучите во исхраната.

Масло

Бидејќи семките и јаткастите плодови содржат витамин Е, не е изненадување што нивното масло е еднакво вредно за внимание.

Зеленило

Зеленчукот знае да биде вкусен и преполн со витамин Е.

Некои од најдобрите опции вклучуваат спанаќ и блитва, кои и двете нудат околу 2 милиграми витамин Е по половина шолја.

Авокадо

Авокадото е уште еден сјаен извор на витамин Е, кој нуди околу 4 милиграми на 100 грама.

Други хранливи материи во авокадото се калиумот, витамин К и рибофлавин.

Исто така, содржи влакна, кои се од витално значење за здраво варење, намалување на холестеролот и одржувањето на нивото шеќер во крвта.

Фото: Unsplash

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.